23ти ОКТОМВРИ во ИСТАНБУЛ

23 ти ОКТОМВРИ

ИСТАНБУЛ  

4 дена/ 2 ноќи / автобус

 

1 ден  20.10.2023 (петок) СКОПЈЕ/ШТИП-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата кај хотел Континентал во 16:00ч. тргнување кон Штип , тргнување во 17:00 ч од Нова Пошта Штип. Се патува преку граничниот премин Богородица . Дневно и ноќно возење со попатни паузии царински формалности.

2 ден 21.10.2023 (сабота) ИСТАНБУЛ  

Планирано пристигнување во утринските часови. Посета на Балат шарената населба , оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Балат важи за една од христијанските населби, каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Потоа го посетуваме плоштадот Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата ja краси прекрасната Галата кула. Сметување во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Можност за посета на Капали Чаршија. Ноќевање.

 3 ден 22.10.2023 (недела) ИСТАНБУЛ  

Појадок, групата се упатува на разглед на градот со локален водич: каде што ќе ги разгледаме Капали чаршија, Хиподромот, Сината Џамија, Султан Ахмед плоштадот, Топ Капи најпознатата султанска палата во светот каде што живеел Величествениот султан Сулејман и  Аја Софија џамијата изградена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години. По посетата на Аја Софија, продолжуваме кон азискиот дел –Ортакој (најживописниот кварт на Истанбул каде се снимени голем број на турски серии со прекрасна панорама каде може да уживате во најпопуларните специјалитети компир и вафли. Групата разгледот го продолжува кон  Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул. Овој трговски центар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата, домаќин е на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Од таму одиме во посета на Watergarden односно магичните фонтани кои со своите светла и изведби танцуваат на вода и ги воодушевуваат посетителите. Овој трговски центар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Во вечерните часови враќање во хотел. .Ноќевање.

4 ден  23.10.2023 (понеделник)  ИСТАНБУЛ- ШТИП

Појадок и одјавување од хотел факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич незаборавно дружење и доживување на еден поинаков Истанбул и единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот (Прочуената Кула на Девицата, изградена во 408г. пред новата ера – еден од симболите на Истанбул, Црквата „ Hagia Irene” – најстарата византиска црква во градот, минување под мостот на Босфорот). Факултативна посета со локален водич на палатата Долма Бахче Сарај – последна резиденција на Отоманската империја, која содржи непроценливо богатство. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Шопинг Центар FORUM.

5 ден  24.10.2023 (вторник)  ШТИП/СКОПЈЕ

Пристигнување во Штип/Скопје во раните  утринските часови.

  

цена: 127 € / 7.890,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со високо туристички  автобус
  • 2 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Аксарај, Истанбул
  • Посета на Балат шарената населба
  • Плоштадот Таксим и улицата Истиклал
  • организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
  • Разглед по програмата со локален туристички водич: Капали чаршија, Хиподромот, Сината Џамија, Султан Ахмед плоштадот, Топ Капи, Аја Софија и Ортаќој + Emaar Square Mall  + Watergarden – 30 евра ( минимум 25 лица за реализација, пријавување во агенција)
  • Топ Капи Сарај – информации на лице место
  • Крстарење со брод по Босфор + превоз – 25 евра ( минимум 35 лица за реализација, пријавување во агенција)
  • Долма Бахче Сарај влезница + превоз – 30 евра( цената не е фиксна и може да варира, минимум 25 лица за реализација, пријавување во агенција)

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!

        Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди