Божиќен маркет и СПА викенд во Словенија и Австрија 8 Декември

БОЖИЌЕН МАРКЕТ и СПА ВИКЕНД

во СЛОВЕНИЈА И АВСТРИЈА

ЉубљанаТерме Птуј– Грац

 Grand Hotel Primus 4*

Љубљана овој период од годината е магнет за сите кои сакаат на најавтентичен начин да ја почувствуваат божиќната топлина сѐ дозирано до совршен баланс, под светлината на роматичните светилки, а Грац градот кој уште го  нарекуваат помалата сестра на Виена e разгледница од убави емоции,вкусна храна , пријатна атмосфера и празничен дух

 

1 ден  07.12.2023  (четврток)  Штип – Скопје -Љубљана

Поаѓање за Љубљана  во 18.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 19:00 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно патување преку Србија, Хрватска со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  08.12.2023( петок)   Љубљана- Птуј

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ двете раскошно украсени улици кои се наоѓаат од двете страни на реката Љубљаница каде се распослани божиќните штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи колачи и топли пијалоци. Поаѓање за Terme Ptuj. Сместување во Grand Hotel Primus 4*. Можност за користење на затворените базени и сауни на Термалниот парк со седум термални базени (3 џакузи и отворен базен со тобоган). Ноќевање.

3 ден  09.12.2023( сабота ) Птуј – Грац- Птуј

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на Грац, живописен град покрај реката Мура кој во 2003-та година е прогласен за престолнина на културата. Стариот дел на градот кој се наоѓа под ридот на замокот изгледа уште поромантично и побајковито кога е осветлен со празнични светилки, а божиќните штандови се украсени со божиќни и новогодишни украси и се полни со разновидни и вкусни деликатеси. Најпрво со лифт ќе се искачиме на ридот на замокот, а од таму ќе се спуштиме до центарот на стариот град и ќе ги видиме главните градски атракции: старата дворска пекара, Катедралата, главниот Плоштад со Градското Собрание, Палатата на селските станови со ренесансен двор… Од пешачкиот мост над реката Мура ќе имаме поглед на пловечкиот остров во облик на школка на реката Мура и на уметничката куќа „ Kunsthaus “. На крајот од организираниот разглед ќе ја видиме сцената на Исусовото раѓање која е симбол на божиќниот маркет во градот. Најпознатата атракција е всушност ледена скулптура направена од приближно 40 тони мраз поставена во дворот на замокот Landhaushof, а целата сценографија е речиси совршена и уникатна особено во вечерните часови, кога сите фигури се дополнително осветлени со безброј светилки кои придонесуваат целата сцена да изгледа уште поатрактивно и помоќно. Слободно време за индивидуални активности можност да пробате превкусни бомбици со рум , пунч од јаболка, вафли ,крофни  овошје преслиено со чоколадо или фантастични печени компири a не смеете да го изоставите  и не замнливиот  пијалок Gluhwein… Во договореното време враќање во хотелот во Ptuj. Ноќевање.

4 ден  10.12.2023 ( недела  ) Птуј

Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време се до поаѓањето за  користење на СПА центарот и Термалниот парк со седум термални базени (3 џакузи и отворен базен со тобоган) или прошетка низ градот  Птуј. Поаѓање за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 11.12.2023  ( понеделник ) Скопје- Штип

Пристигнување во Скопје / Штип во раните утринските часови.

 

 

ЦЕНА :  12.900,00 денaри

  

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Grand Hotel Primus 4** во Птуј
  • користење на затворените базени и сауни на Термалниот парк Terme Ptuj со седум термални базени (3 џакузи и отворен базен со тобоган), во термалниот парк се на располагање турска и финска сауна.
  • разглед на Љубљана со локален туристички водич
  • Организација и водство на програмата со лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување – 200 ден (задолжително)
  • Превоз со лифт до замокот во Грац
  • Целодневен разглед на Грац со локален туристички водич (20 евра по лице задолжително пријавување во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

 

 

 

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници за автобус

Важат општите услови за патување на ТА.Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

WordPress PopUp Plugin