Еднодневна екскурзија во Кавала и Драма

Еднодневна екскурзија во Кавала и Драма

Градови кои ни ја овозможуваат топлата божиќна магија

 08.12.2023

 

Скопје- Штип- Струмица – Кавала – Драма –Струмица-  Штип- Скопје

Поаѓање за  Кавала во 03.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во  04.00ч од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.00 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за  одмор и царински формалности.  Пристигнување во Кавала. Слободно време за прошетка низ градот.  Посета на црквата на Апостол Павле – До црквата се наоѓа местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон тврдината, Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Слободно време за посета на божичниот маркет каде наместо зимзелените елки се украсува дрвен брод во морето со светликави ламбички. Тоа е оној традиционален симбол кој овозможува магичен поглед како град распослан по морето. Го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. По посетата на Кавала, поаѓање кон Драма. Посета на една од најубавите божиќни манифестации – Божиќен пазар кој изгледа како од бајките – Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци. Слободно време за  разглед и уживање во божиќната магија на градот.  Поаѓање за Македонија околу 18 часот. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 1.500,00 денари

ЦЕНА: 1.200,00 ДЕНАРИ (за деца од 2 до 12 години)

 

ЦЕНА: 1.800,00 ДЕНАРИ (ЗА ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ)

ЦЕНА: 1.500,00 ДЕНАРИ (ЗА ДЕЦА ОД 2 ДО 12 ГОД ЗА ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ)

 

Во цената на аранжманот е вклучено  :

  • превоз со  туристички автобус
  • организирана посета на Кавала и Драма
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување
  • влезници за културно-историските споменици

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

WordPress PopUp Plugin