ВЕЛИГДЕН ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

ВЕЛИГДЕН ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

ТИВАТ–ДУБРОВНИК–ОСТРОШКИ МАНАСТИР–БУДВА
Термин 02.05.-05.05.2024
4дена / 2ноќи

 1 ден  02.05.2024  (четврток)  Штип – Скопје -Херцег Нови
Поаѓање за Херцег Нови во 22.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 23:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Ноќно патување преку Косово и Албанија  со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  03.05.2024(петок) Тиват–Херцег Нови
Пристигнување во Тиват.Прошетка и разглед на Тиват католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро” (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови) и полоштадот Пине. Поаѓање кон Херцег Нови, пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден  04.05.2024(сабота) Херцег Нови–Дубровник–Херцег Нови
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Херцег Нови. Околу 22:00 часот се поаѓа према центарот, посета на црква каде се пречекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Ноќевање

4 ден  05.05.2024(недела) Херцег Нови–Будва–Острошки Манастир–Скопје/Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување кон Будва, слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии… Заминување кон манастирот ,,св. Василиј Острошки”. Сместен во голема карпa на 900 метри надморска височина е дом на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог заминување кон Македонија преку Албанија и Косово.

Цена на аранжманот: 11.900,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автoбус на наведената релација
  • Сместување во хотел “Palmon Bay 4 **** Херцег Нови, 2 ноќевања со појадок
  • Користење на Спа Центар
  • Посета и разглед на Будва и манастир ,,св. Василије Острошки”
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено :
•      Факултативна посета на Дубровник (25€)
•      Факултативна посета на Тиват и Порт Монтенегро(15€)
•      Пакет факултативни посети на Дубровник , Тиват и Порт Монтенегро(30€)
•      Влезници за музеите и културно-историските споменици
•      Патничко здраствено осигурување.
•      Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

 

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на TA. Феријал Кашиков и  СКТМ

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди