Виена – Божиќен базар

(07.12.2022 ) | МАКЕДОНИЈА – ВИЕНА
Состанок на групата во Струмица во 12:30 часот, со попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес.
Пристигнување и тргнување од Скопје во 15:30 часот и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и
Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

(08.12.2022) | ВИЕНА – ШОПИНГ ЦЕНТАР PARNDORF – ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД
Во претпладневните часови организирана посета на шопинг центар Parndorf.Слободно време за шопинг.
Пристигнување во Виена. Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта,
Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата
Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за одмор.
Попладне трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки низ центарот. Враќање во хотел во
договорено време. Ноќевање.

(09.12.2022) | ШЕНБРУН – ГРИЦЛИНГ
Појадок. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич (Дворецот
Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, и истиот е изграден во далечната 1700 година. Палатата и
паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт,
Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. После посетата на
палатата се продолжува кон посета на дворот на палатата и летната резиденција.Предлог Тргнување кон еден од
најголемите трговски центри во Европа – Сити суд http://www.scs.at , каде ќе имате можност за шопинг и
слободно време за ручек или кафе. Враќање во хотел. Факултативна посета на традиционален австриски ресторан
– Грицлинг. Ноќевање.

(10.12.2022) | – ДУНАВСКА КУЛА
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот факлутативна посета на Дунавската Кула, која е изградена во
1964 година и висока е 252 метри и од неа се има поглед на цела Виена. Се враќаме во центарот на Виена…
слободно време за индивидуални прошетки и активности. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови со
попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија следниот ден во
претпладневните часови.

 

цена: 159 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:
· Превоз со туристички автобус на наведената релација,
· Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Виена на база на 2 ноќевања со појадок,
· Професионален туристички водич од агенцијата за време на целото патување
· Организација и реализација на програмата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Разглед на Виена со локален туристички водич – 15 €

Влезница, локален водич и превоз за дворецот Шенбрун – 35€
· Факултативна посета натрадиционален австриски ресторан – Грицлинг
· Посета на Дунавска Кула (влезница, туристички водич од агенцијата) – 20 €
· Патничко осигурување
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
·
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс
1 евро = 62 мкд
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по
завршувањето на аранжманот
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на
промена на цената на превозот или хотелот
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да
го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во
случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети
на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не
е посебно нагласено во програмата.
· Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на
програмата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за
патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница,
доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите
предвиден за посета и сл.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје