САРАЕВО – Мостар – Вишеград – Мокра Гора

САРАЕВО – Мостар – Вишеград – Мокра Гора

 

07.10.22 Поаѓање за Сараево во 20 ч преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

08.10.22 Во утринските часови пристигнување во Сараево. Сместување во хотел со 4*. Потоа  разгледување на градот со локален водич: историското јадро “Башчаршија”, каде се наоѓаат бројни културно – историски знаменитости, прошетка по улицата “Којунџилук” од 16 век со многу занаетски дуќани, потоа Еврејскиот Храм, Газихусербегова џамија, Катедралата, Народниот театар, Градското собрание. Слободна вечер на Баш Чаршија каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, како и десертот “туфахија”. Ноќевање.

09.10.22 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите на реката Босна – Врело Босне, а потоа се застанува на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на Стариот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Попладнето враќање во Сараево. Слободно попладне во центарот на Сараево и познатата Баш Чаршија. Ноќевање.

10.10.22 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

11.10.22 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 5990 денари
За резервации и уплати до 10.09.2022год. = 5500 ден

 

Во цената е пресметано:
– превоз со туристички автобус
– сместување во хотел со 4* на база 2 ноќевања со појадок
– разглед на Сараево со локален водич
– организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:
– патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 200 ден
– факултативен излет до Мостар – 15 еур
– влезници за културно историските споменици

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – НЕМА

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА – НЕМА

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 04.10.2022 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје