11 ОКТОМВРИ ВО БАНСКО

Празничен викенд во Банско

11.10- 13.10.2024

1 ден  11.10.2024 ( Петок) Скопје/Штип- Банско

Поаѓање за Банско во 06:00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 07:00 од Штип, паркингот пред Новата пошта. Дневно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотел Casa Karina 4*. Слободно време за уживање во СПА центарот или индивидуална прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.

2 ден  12.10.2024 ( Сабота ) Банско

Појадок. Слободен ден, предвиден за одмор, рекреација, користење на СПА Центар и содржините кои ги нуди хотелот. Вечера. Ноќевање.

3 ден 13.10.2024( Недела )  Банско – Штип/ Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Враќање за Македонија. Попатна прошетка и разглед на  Благоевград и Метро. Пристигнување во Штип/ Скопје во вечерните часови.

 

цена: 139 €

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Casa Karina 4*
  • Посета на МЕТРО
  • Прошетка низ Благоевград
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување– 150 денари (задолжително)

Доплати:

  • Доплата за едноспален апартман- 25 евра по лице
  • Дете до 5,99 бесплатно на дополнително легло
  • Дете од 6- 11,99 години на дополнително легло- 129 евра
  • Дете од 6- 11,99 години на редовно легло- 133 евра

Општи напомени :

– ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

ЦЕНИТЕ СЕ ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ 1€ Е 62 ДЕНАРИ
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди