11 ОКТОМВРИ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

11 ОКТОМВРИ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

 

1 ден 11.10.2024 (петок) Штип/Скопје/ Куманово – Врњачка Бања

Поаѓање за Врњачка Бања во 04.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во  05:30 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 6:15 часот, од Макпетрол бензинска во Куманово,  Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања, eдна од најубавите туристички дестинации во Србија која има најдолга традиција во туризмот-цели 150 години. Сместување во хотел Zepter 4*. Слободно време за одмор и прошетка низ Врњачка Бања – посета на Мостот на љубовта, каде до денес вљубените парови ја задржуваат традицијата да ја „врзуваат“ својата љубов со поставување катанец испишан со своите имиња, а клучевите симболично ги фрлаат во реката. Индивидуален разглед и посета на седумте минерални извори: Топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело. Враќање во хотелот.  Ноќевање.

2 ден 12.10.2024 (Сабота) Врњачка Бања – Манастирот Жича

Појадок. Слободно време за користење на СПА услугите од хотелот. Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево. Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи, а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески. Враќање во хотелот. Користење на хотелските содржини за одмор и релаксација. Ноќевање.

3 ден 13.10.2024 (Недела) Врњачка Бања-  Ниш –Куманово/ Скопје/Штип

Појадок. Заминување за Македонија во пладневните часови со попатна посета на Ниш. Слободно време за индивидуален разглед на Ниш со можност за  шопинг. Поаѓање за Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.

цена: 149 евра

Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел Zepter 4* во Врњачка Бања
  • посета на Ниш
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената  на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Манастир Жича – 15 евра ( мин. 20 патници)
  • туристичка такса – 3 евра ( се плаќа во автобус)
  • патничко осигурување – 150 денари (задолжително)
  • влезници за културно-историските споменици

Општи напомени:

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди