БЕЛГРАД

 

2 дена/ 1 ноќ / автобус

 

1 ден  11.03.2023 ( сабота ) Штип / Скопје –  Белград

Поаѓање во 04.00 часот од Штип паркингот пред Новата Пошта , во 05.15 часот од Скопје паркингот  пред хотел Вип. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград  во предпладневните часови.  Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав.  Слободно време за прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Теразије. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера на Скадарлија. Ноќевање.

2 ден 12.03.2023 ( недела )  Белград – Скопје / Штип

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Слободно време за прошетка и разглед низ Белград на вода во чии состав еден од најголемите шопинг центри Галерија. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје /Штип  во  доцните вечерни часови.

 

цена: 4.880,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со високо туристички  автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Белград
  • разглед на Белград со локален водич
  • организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
  • факултативна вечера на Скадарлија- 30 евра ( минимум 25 лица за реализација, пријавување и уплата во агенција)
  • влезници за културно-историски споменици

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

 

Рок на пријавување до 24.02.2023

 

За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!

        Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје