САРАЕВО

 

                                                  -САРАЕВО-  МОСТАР – МОКРА ГОРА        5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 02.03.2023 ( четврток ) Штип/ Скопје

Поаѓање за Сараево во 19.00 часот од Штип , паркингот пред Новата Пошта, во 20.30 часотод Скопје,  паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 03.03.2023 ( петок ) Сараево

Пристигнување во  Сараево. Разглед на градот со локален водич: Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величествената Газихусбергова џамија, Катедралата, Грбавица, народниот театар, градското собрание, старата православна црква Свети Михаил и Гаврил. Слободно време. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во ресторан/пивница со музика. Ноќевање.

3 ден 04.03.2023 ( сабота ) Сараево- Мостар -Сараево

Појадок. По појадокот факултативен излет до Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Разгледувањето на градот – посета на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI-XIX век, саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед- Пашина џамија… Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време .   Ноќевање

4 ден 05.03.2023( недела )   Сараево – Вишеград – Мокра Гора  – Скопје / Штип

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на највисоката зграда во Сараево – Аваз кулата. Можност за утринско кафе во ресторанот на 35 спрат од каде има прекрасен панорамски поглед на Сараево. Поаѓање кон Вишеград –  посета на Мостот на Дрина и Посета на Андричград, град кој го гради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. Напуштање на Вишеград и поаѓање кон Мокра Гора – каде што ќе се посети  Музејот  на отворено –  Дрвениот град на Емир Костурица. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 06.03.2023 ( понеделник ) Скопје / Штип

Пристигнување во Скопје/Штип во утринските часови.

ЦЕНА : 7.800,00 денари

  Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел  4 * во Сараево
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Посета на Вишеград и Андричград
  • Организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не  е вклучено:

  • Факултативна вечера на 03.03 – 20 € (пријавување при резервација на аранжманот, минимум 35 лица)
  • факултативен излет до Мостар – 20 € (пријавување при резервација на аранжмано , минимум 35 лица)
  • Влезница за посета на Дрвен Град- (се плаќа при влез)
  • туристичка такса – 120 денари ( задолжителна доплата во агенцијата)
  • Патничко осигурување – 200 денари ( задолжително)
  • Влезници за културно-историските споменици

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Рок на пријавување до 28.02.2023

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје