ТИВАТ

 

Котор – Дубровник – Будва 

4 дена/ 2  ноќ / автобус

1 ден 09.03.2023 (четврток) Штип/Скопје – Тиват

Поаѓање во 22.00 часот од Штип паркингот пред Новата Пошта , во 23.00 часот од Скопје паркингот  пред хотел Вип. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Се патува преку Косово и Албанија.

2 ден 10.03.2023 (петок) Котор – Тиват

Пристигнување во Котор во претпладневните часови, разглед на градот со локален водич и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола..Патувањто продолжува кон Тиват со организиран разглед на градот: плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро”, Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со  декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренети и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за користење на СПА во Хотелот со предходна резервација. Ноќевање.

3 ден 11.03.2023 (сабота) Тиват -Дубровник

Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Тиват. Ноќевање.

4 ден 12.03.2023 (недела) Тиват – Будва – Скопје/ Штип

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Попатна посета на Будва. Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

цена: 7.890,00 денари

 

Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • Превоз со високи туристички автбус
  • Сместување во хотел со 4  ****, 2 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи на Тиват и Котор со локален водич
  • Организирана посета на Будва
  • Користење на СПА центар во хотелот ( резервација на рецепција)
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран придружник

Во цената  на аранжманот не е вклучено:

  • туристичка такса  – 3 евра ( задолжителна доплата во агенција )
  • Факултативен целодневен излет до Дубровник  20 € ( мин. 35 патници за реализација )
  •  патничко осигурување -200  денари (задолжително)
  • влезници за културно-историските споменици

 

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Пријавување до 24.02.2023 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје