ВЕНЕЦИЈА

ВЕНЕЦИЈА

ТРСТ – ВЕРОНА – СИРМИОНЕ

Венеција град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади…Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција. Верона асоцијација на љубовта по Шекспировата Ромео и Јулија.

02.03.2023. Поаѓање во 16.00 ч од Прилеп со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

03.03.2023 Пристигнување во Трст во утринските часови. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на градот: плоштадот Унита, операта “Џузепе Верди“, градското собрание, фонтаната “Нептун”… Се продолжува за  Лидо ди Јесоло, сместување во хотел. Слободно време за прошетка низ Лидо ди Јесоло и 15км.долгата песочна плажа.Ноќевање.

04.03.2023 Појадок. Целодневен факултативен излет до Алпското езеро Лаго ди Гарда во подножјето на Алпите, кое изобилува со бајковити села и гратчиња,островчиња..Посета на шармантното гратче Сирмионе со замокот Скалиѓеро опкружен со вода,што ова место го прави атрактивно за милиони туристи. Потоа се посетува  Верона – градот на Ромео и Јулија, каде ќе се посетат: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра,Ербе и Дел Сињори,замокот Векио.Слободно време за уживање во предбожиќна атмосфера на божиќниот пазар. Доцна вечерта враќање в хотел. Ноќевање.

05.03.2023 Појадок. Факултативен излет Лидо ди Јесоло, па со брод од Punto Sabione до Венеција. Панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждовата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно попладне за прошетка со можност за возење со Гондола – симболот на Венеција. Враќање со брод во Лидо ди Јесоло. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.

06.03.2023 Пристигнување во Прилеп во пладневните часови.

ЦЕНА: 9300 ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена 9900ден.

 Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (Венеција).
  • разгледување на Венеција со локален водич
  • посета на Т.Ш.Ц. Палма Нова, посета и разглед на Трст
  • лиценциран придружник на екскурзијата


Во цената не се пресметани следните услуги:

  • задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза (300 ден)
  • превоз со брод до Венеција од Punta Sabione (Лидо ди Јесоло) и назад – 20 евра
  • целодневен излет до Верона и Сирмионе – 30 евра
  • влезници за културно историските споменици

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје