ИСТАНБУЛ 3 ноќи

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул (Istanbul) е најголемиот град во Турција ( Turkey) и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул (Istanbul) зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул (Istanbul) се наоѓа најголемата денешна џамија претходно црка и музеј Света Софија (Aya Sofia) во светот, испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.Познат како Византија или Цариград, Истанбул (Istanbul) е најголем град во Турција, и е економски, културен и трговски центар на земјата. Со околу 15 милиони жители, Истанбул ( Istanbul) е најнаселен град во Европа (Europe). Истанбул (Istanbul) е дом на неколку места на светското наследство на УНЕСКО и е домаќин на седиштата на бројни турски компании, сочинувајќи над триесет проценти од економијата на земјата.

Во продолжение ви ја претставуваме нашата понуда за Истанбул.

13.Април (четврток)         СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.

14.Април (петок)             ИСТАНБУЛ
Пристигнување на групта во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.
Облакодерот “Сафир” е една од нашите најбарани сензации во Истанбул.Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. Групата има слободно време, и се упатуваат кон Ортаќој.
Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.

15.Април (сабота)         ИСТАНБУЛ

По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

16.Април (недела)           ИСТАННБУЛ
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор 90 минути, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи – Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Ускудар (Азиски дел) овде ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Таксим Плоштадот – овде завршува целодневниот разглед. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

17.Април (понеделник)           ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

 

ЦЕНА: 7.378 денари

 

Што е вклучено во цената

-Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
-Автобуски превоз
-Лиценциран туристички придружник
-Посета на Капали Чаршија
-Туристичка такса
-Посета на турската продавница „КОСКА”
-Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот

Што не е вклучено во цената

-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Индивидуални трошкови

 

Важно

-Задолжителна проверка на пасошот.
-Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција.
-Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.За сингл соба се -доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
-Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани -со двајца возрасни
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
-Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и преку Република Бугарија) до Турција

 

Балат и Галата Порт (Пакет) 35€

Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим Плоштад (Пакет) 65€

ВИП ПАКЕТ (СИТЕ ЕКСКУРЗИИ) 115€

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди