АТИНА 24 МАЈ

АТИНА 24 МАЈ
20.мaj (петок)           СКОПЈЕ – АТИНА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
 
21.мaj (сабота)             АТИНА  
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Организиран панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон – Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Ноќевање.
 
22.мaj (недела) АТИНА – ДЕЛФИ
Појадок. Слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет со посета на античкиот локалитет Делфи (едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Гфрција – светилиште на богото Аполон). Патот води покрај древната Теба и градчето Арахова. Во попладневните часови враќање во Атина. Слободно време за одмор. Велерта, факултативна вечера во национален ресторан-таверна на Плака со богато мени од грчката кујна и уметничка програма со грчки песни и танци. Ноќевање.
 
23.мaj (понеделник) АТИНА – ЕГИНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Атина или шопинг во трговските центри: ”Golden Hall”, ”Mc Arthur Glen Designer”, ”Athenian Capitol”, ”Ermou Street”, Колонаки плоштадот… Можност за факултативен излет до островот Егина во Сароничкиот залив, со посета на манастирот и црквата посветени на големиот светец Св.Нектариј Егински. Превоз со автобус до Пиреа и брод до островото Егина. Враќање во доцните попладневни часови. Ноќевање.
 
24.мај (вторник) АТИНА – АРГОЛИДА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден во Атина или полудневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Пауза за одмор со можност за ручек во локална таверна, како и посета на работилница (продавница)  за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање кон Атина за превземање на останатите патници и продолжување кон Македонија. Дневно и ноќно возење, со пристигнување во раните утрински часови.
 
Цена на аранжманот: 145 € (8.990,00 мкд)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи и посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативни излети со превоз и локален водич (без влезници): Делфи (30 €), Пелопонез-Арголида (30 €)
– Факултативен излет со превоз и брод до Егина (30 €)
– Факултативна вечера во национален ресторан-таверна на Плака (30 €)
* Сите четири факултативни програми во пакет (100 €)
– Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
– Патничко здраствено осигуривање
– Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ
– Организатор на патувањето е T.A. ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје