ИСТАНБУЛ – 24 Maj

ИСТАНБУЛ – 24 Maj

21.мај (сабота)        СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ 
Состанок на групата на Скопски аеродром  во 08:40 часот. Поаѓање за Истанбул во 11:40 часот. Пристигнување во Истанбул во 14:00часот. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата… завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
22.мај (недела)    ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ – ТОП КАПИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатствО. Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Слободно време за индивидуални активности..Ноќевање.
 
23.мај (понеделник)    ИСТАНБУЛ – ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИА – БОСФОР
Појадок. По појадок  слободен ден за индивидуални активности или можност за посета со придружникот на групата на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ – најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Можност за посета на „Цариградската Патријаршија“ позната уште како „Вселенска патријаршија“ една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул. на нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на “прв меѓу еднаквите” од останатите православни епископи во светот.Слободно време за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативно крстарење и вечера на брод по Босфор.  Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија. Ноќевање.

24.мај (вторник)       ИСТАНБУЛ  – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности до трансферот на аеродром. Можност за посета на некој поголем шопинг центар во Истанбул. Лет за Скопје во 10:10 часот, пристигнување во Скопје во 10:40  часот.

Цена во претпродажба: 299 € (18.538,00 мкд)

Редовна цена на аранжманот: 329 € (20.398,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вкучено:

– Повратна авио карта Скопје-Истанбул-Скопје (Pegasus Airlines)
– Аеродромски такси
– Повратен трансфер од аердромот –хотел-аеродром во Истанбул
– Сместување во Истанбул, во хотел 4*, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Истанбул
– Организиран разглед со јавен превоз на Цариградската Патријаршија и Цистерната

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Факултативна посета на Долма Бахче Сарај  и Топ Капи (влезницa, превоз и локален водич – 50€)
– Факултативно крстарење и вечера на Босфор (трансфер, вечера и влезница 40 €)
– Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици

– Патничко здравствено осигурување

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум број од 20 патници.
– Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде
соодветно корегирана.
– Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
– За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ.
– Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
– Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
– Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

– Организатор на патувањето е ТА ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА
При влез во Р. Турција, според актуелните Covid-19 протоколи потребно е да се приложи еден од следните документи:
• Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
• Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со Вас, или
• Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете го со Вас.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје