САНТОРИНИ 24 МАЈ

 

САНТОРИНИ

1 ДЕН 20.05.2022 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку

гр. премин Богородица со попатни паузи.

 

2 ДЕН 21.05.2022  ПИРЕА – САНТОРИНИ- ПИРГОС

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Вечерта можност за посета на светото место Пиргос  каде се поклонуваат верниците, можност за посета на некоја од црквите во Пиргос…

Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН 22.05.2022  САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Слободно време за ручек и прошетки низ Фира.

Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање

 

4 ДЕН 23.05.2022 САНТОРИНИ

Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан (5€ влезница за вулканот,  не е вклучена во цената) каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња ( 6€, не е вклучено во цената на екскурзијата) ). Враќање во хотел. Слободно време за ручек во некоја од грчките таверни и индивидуални прошетки во Периса. Попладне предлагаме  посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ДЕН 24.05.2022  САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ 15 АПРИЛ : 189 евра / 11.720 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра / 12.960 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

– превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

– трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште

– 3 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Периса

-организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

– Посета на Пиргос – 10 €

– Oia (Иа), залез на сонце – 15 €

– Full day Santorini – 40 € (превоз + водич)

– Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич)

-40€

– Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј

( превоз+влезница за винарија+водич) – 20 €

– еднокреветна соба 3.200 денари

– задолжително патничко осигурување 210 денари

– Туристичка такса ( 3 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје