МИЛАНО – ЏЕНОВА – КОМО – ЛУГАНО – СИРМИОНЕ
12.04.2023. (среда)
Поаѓање во 16.00 ч од Прилеп со туристички автобус. Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори
13.04.2023 (четврток)
Пристигнување во Милано и разглед на градот: Миланската Скала, Катедралата Дуомо, најстариот трговски шопинг центар Галерија Виторио Емануеле, Замокот Сфорцеско, стадионот Сан Сиро…Сместување во хотел. Ноќевање.
14.04.2023 (петок)
Појадок. Факултативен целодневен излет до Џенова каде ќе се посетат најзначајните знаменитости на градот: градскиот плоштад Де Ферари –опкружен со бројни историски споменици (Ѓузепе Гарибалди), театарот Карло Феличи, Катедралата Сан Лоренцо, Порто Антико, Градските зидини, Аквариумот… Враќање во Милано. Ноќевање.
15.04.23 (сабота)
Појадок.Целодневен излет до Швајцарија, до езерото и градот Лугано,кој се наоѓа на истоименото чудесно езеро,опкружено со планини, во јужните Алпи.Тој е голем туристички центар,каде човек ќе се заљуби во Италијанската архитектура, шеталишта и уредени улици за шопинг и уредени паркови и дворови. Освен Лугано, околу езерото има прекрасни села, насликани како на разгледница. Стариот центар на Лугано е прекрасен-полн со палати, ренесансни и барокни цркви,манастири и плоштади. На јужниот плоштад се наоѓа Градската куќа, палата изградена во неокласичен стил, катедралата Сан Лоренцо од 16-ти век… Враќање во Италија до езеротo и гратчето Комо, кое поради езерото и близината на Алпите е топ туристичка дестинација. Градот има многу градини, паркови, палати, цркви-катедрали, вили, театар, градско собрание… Враќање во Милано. Ноќевање.
16.04.2023(недела)
Појадок. Поаѓање за Алпското езеро Лаго ди Гарда во подножјето на Алпите, кое изобилува со бајковити села и гратчиња,островчиња. Посета на шармантното гратче Сирмионе со замокот Скалиѓеро опкружен со вода, што ова место го прави атрактивно за милиони туристи. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.
17.04.2023(понеделник)
Пристигнување во Прилеп во пладневните часови.
ЦЕНА: 14900 ден. за резервации до 01.04.2023,
редовна цена – 16900ден.
Во цената се пресметани следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Милано
- разгледување на Милано и Сирмионе
- лиценциран придружник на екскурзијата
Во цената не се пресметани следните услуги:
- задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза (300 ден)
- целодневен излет до Џенова – 30 евра
- целодневен излет до Лугано и Комо – 30 евра
- туристичка такса во хотелот (се плаќа на лице место)
- влезници за културно историските споменици
За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 10.04.2023 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.