Нова Година во БЕЛГРАД– НОВИ САД
автобус 3 дена/ 2 ноќи
1 ден 31.12.2024 Штип- Скопје- Куманово -Белград
Поаѓање за Белград во 00:30 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта, 01:30 часот од Скопје, хотел Континентал, 02:00 часот од Куманово, бензинска Макпетрол. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за индивидуални активности . Сместување во хотел. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА. Ноќевање.
2 ден 01.01.2025 Белград – Нови Сад – Белград
Појадок.По појадокот факлутативна посета на Нови Сад – центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. По посетата слободно време за индивидуални активности. Враќање во Белград во хотел во попладневните часови. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОДОГИШНА НОЌ. Ноќевање.
3 ден 02.01.2025 Белград -Куманово- Скопје – Штип
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Слободно време за прошетка и разглед на Белград на Вода во чии состав e еден од најголемите шопинг центри Галерија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Куманово/Скопје/Штип во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 149€ / 9.240,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус или минибус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*во Белград
- разглед на Белград со локален водич
- водство и организација на програмата со лиценциран придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- туристичка такса 1,5евра по лице од ден
- патничко осигурување 200 денраи
- Факултативна посета на Нови Сад 20€
- Влезници за културно- историски споменици
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Рок на пријавување до 20.12.2024
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ