БУДВА – ДУБРОВНИК –ТИВАТ – КОТОР

1 ден 30.12.2022 (петок) Штип/ Скопје

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 19.30 часот; Штип 21.00 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 21.30ч). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден 31.12.2022 (сабота) Св. Стефан-Будва

Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2023 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт на Џибони или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

3 ден 01.01.2023 (недела) Будва-Дубровник-Будва

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ со концерт на Дино Мерлин пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

4 ден 02.01.2023 (понеделник) Будва-Котор- Тиват – Скопје/Штип

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори.

5 ден 03.01.2023 ( вторник) Скопје/ Штип

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови

ЦЕНА: 99 евра (6.100 денари) за хотелско сместување
75 евра (4.650 денари) за приватно сместување

Во цената се пресметани следните услуги:
 Превоз со туристички автобус на дадената релација; ( Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип, Велес, Куманово )
 Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;  Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;  Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;  Посета на Св.Стефан;  Организација и пратител на патувањето 
Во цената не се пресметани следните услуги:
– Факултативен излет до Дубровник ( 15 евра );

– Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро ( 10 евра );

– Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (20 евра );

– Влезници за посети; – патничко осигурување

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.

 Општи напомени : – ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. – Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. – Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања. – Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Рок на пријавување до 20.12.2022 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници!

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје