СОЛУН-ПАРАЛИЈА-МЕТЕОРИ-ВОДЕН

 

1 ден 30.12.2022 (петок) Скопје / Штип – Солун – Паралија

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула…Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski, посета на еден од големите шопинг центри Cosmos Mediteranean ( можност да се искористат новогодишните попусти). Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Нова 2023 година. Ноќевање.

2 ден 31.12.2022 (сабота) Паралија- Метеори Паралија

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до манастирската населба Метеори со посета на еден од многуте средновековни манастири подигнати на високи карпи. Попатна посета на Каламбака. Попладне враќање во Паралиа. Слободна вечер или можност за реприза на новогодишната вечер во таверна. Ноќевање..

3 ден 01.01.2023 (недела) Паралија – Воден – Штип / Скопје

Појадок. По појадокот следува слободно предпладне во Паралиа за шопинг. Околу пладне заминување за Македонија со попатна посета на водопадите во Воден. Посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Штип/ Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 99 евра (6.100 денари)

Во цената се пресметани следните услуги:
 Превоз со туристички автобус на дадената релација;

 Сместување во хотел 3* во Паралиа на база две ноќевања со појадок;

 Организиран шопинг во Солун и Космос;

 Разгледување на Солун;

 Посета на водопадите во Воден;

 Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
– Факултативен излет до Метеори 20 еур; ( минимум 30 лица пријавени за реализација)
– Новогодишна вечера во таверна;

– Реприза на Новогодишна вечера во таверна;

– Влезници за посетите;

– Патничко осигурување (задолжително)

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.

Општи напомени : – ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Рок на пријавување до 20.12.2022

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници!

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје