САНТОРИНИ
Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.
Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето.
1.Ден: 13. Април 2023. / Скопје – Македонија – Грција:
Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регурлирање на граничните формуларности.
2.Ден: 14. Април 2023. / Грција – Атина – Санторини:
Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, и следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во 19:00 часот е предвидена факултативна посета на Пиргос. Враќање во Хотел. Ноќевање.
3.Ден: 15. Април 2023. / Санторини:
Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон Фира, прошетка низ тесните улички. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Хотел. Во 23:00 часот е предвидено да се иде во локалната црква и да се дочека Велигден. Ноќевање.
4.Ден: 16. Април 2023. / Санторини:
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира. Слободно време во Фира. Враќање во Хотел. Во вечерните часови предлагаме факултативна посета на ОИА, каде ќе го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Враќање во хотел. Ноќевање.
5.Ден: 17. Април 2023. / Санторини – Атина – Грција – Македонија:
Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. Можност за посета на G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum . Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формуларности.
6.Ден: 18. Април 2023. / Македонија – Скопје:
Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3*/2* во Периса
- Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
- Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
- Пратител на групата за времетраење на аранжманот
- Организација на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: првиватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра – се плаќа во агенција)
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци на патникот.
Сместување | Тип на соба | Цена |
Хотел 2*/3* | 1/4 | 279€ |
1/3 | 279€ | |
1/2 | 279€ |
Факултативни излети
Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.
Пиргос
Посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне.
Цена 10 евра
FULL DAY SANTORINI
Целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон OIA, и каде дочекуваме да се види еден од најубавите и најпознати залези на сонцето.
Цена 50 евра
Целодневна екскурзија со брод
Крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаништето и се упатиуваме (со магаре или жичара се доплаќа 6 евра) кон Фира.
Цена 50 евра
Винарија
Најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.
Цена 20 евра.
Сансет ОИА
Цена 10 евра