САРАЕВО
МОСТАР – МОКРА ГОРА 5 дена / 2 ноќи / автобус
1 ден 10.10.2024 (четврток) Штип/ Скопје
Поаѓање за Сараево во 19.00 часот од Штип , паркингот пред Новата Пошта, во 20.30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 11.10.2024 (петок) Сараево
Пристигнување во Сараево. Разглед на градот со локален водич: Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величествената Газихусбергова џамија, Катедралата, Грбавица, народниот театар, градското собрание, старата православна црква Свети Михаил и Гаврил. Слободно време. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во ресторан/пивница со музика. Ноќевање.
3 ден 12.10.2024 (сабота) Сараево- Мостар -Сараево
Појадок. По појадокот факултативен излет до Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Разгледувањето на градот – посета на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI-XIX век, саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед- Пашина џамија… Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време . Ноќевање
4 ден 13.10.2024 (недела) Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје / Штип
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на највисоката зграда во Сараево – Аваз кулата. Можност за утринско кафе во ресторанот на 35 спрат од каде има прекрасен панорамски поглед на Сараево. Поаѓање кон Вишеград – посета на Мостот на Дрина и Посета на Андричград, град кој го гради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. Напуштање на Вишеград и поаѓање кон Мокра Гора – каде што ќе се посети Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни одмори.
5 ден 14.10.2024 (понеделник) Скопје / Штип
Пристигнување во Скопје/Штип во утринските часови.
ЦЕНА : 139€ / 8.618,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 4 * во Сараево
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Вишеград и Андричград
- Организација и водство на програмата со лиценциран придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна вечера на 03.03 – 30€ (пријавување при резервација на аранжманот, минимум 35 лица)
- факултативен излет до Мостар – 25€ (пријавување при резервација на аранжмано , минимум 35 лица)
- Влезница за посета на Дрвен Град- (се плаќа при влез)
- туристичка такса –6 евра задолжителна доплата во автобус)
- Патничко осигурување – 200 денари ( задолжително)
- Влезници за културно-историските споменици
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање
Рок на пријавување до 20.09.2024
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници!Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ