Соко Бања – Ниш
1 ден 14.04.2023 (петок ) Штип – Сокобања
Поаѓање за Сокобања во 05:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или прошетка низ центарот на Сокобања. Вечера . Ноќевање.
2 ден 15.04.2023(сабота) Сокобања
Појадок.После појадокот организирана пешачка тура со локален водич, до излетничкото место Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Слободено попладне за одмор или индивидуална посета и релаксација во термаклните базени на Соко Терме. Вечера. Вечерта можност за посета на црквата Св.Преображение. Ноќевање.
3 ден 16.04.2023 (недела) Сокобања-Штип
Појадок. Слободно време за прошетка. Поаѓање за Македонија во пладневните часови со попатна посета на Ниш. Ниш е вториот по големина град, каде вреди да се посетат: Нишката Тврдина од 17 век, казанџиското сокаче – стариот дел на градот од 18 век. Слободно време за посета на шопинг центар. Пристигнување во Штип во вечерни часови.
Цена:6.800,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- Организиран разглед на Сокобања со локален водич
- Организирана пешачка тура со локален водич до Лептерија и Сокоград
- 2 ноќевања на база полу пансион во хотел Моравица 3*во Сокобања
- водство и организација на програмата со лиценциран придружник
Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување -200 денари (задолжително)
- туристичка такса 120 денари по лице се плаќа во агенција
- влезници за културно-историски споменици
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Може да се патува со биометскиска лична карта или пасош
Рок на пријавување 03.04.2023
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ