ТЕМИШВАР

ТЕМИШВАР- ВРШАЦ-

2 дена/ 1 ноќ / автобус

 

1 ден 03.03.2023( петок ) Штип / Скопје   –   Темишвар

Поаѓање во 20.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта , во 21.30 часот од Скопје,  паркингот  пред хотел Вип. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 04.03.2023 ( сабота  )  Темишвар

Пристигнување во Темишвар,  градот кој го нарекуваат  „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.Под мотото ,,Нека блесне вашата светлина “Темишвар е прогласен за европски град на културата за 2023 година . Организиран разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат  Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности можност за посета на шопинг центар во Темишвар..  Ноќевање.

3 ден 05.03.2023 ( недела )   Темишвар – Вршац  Скопје/ Штип

Појадок.  Напуштање на градот и поаѓање кон Македонија со попатна пауза во Вршац .Градот на виното и великаните . Можност за посета и дегустација на вино  и ручек во  една од најпознатите винарии во Вршац. Пристигнување во Скопје /Штип  во вечерните часови.

        цена: 5.990,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички  автобус
  • 1 ноќевања со појадок  во  хотел 3* во Темишвар
  • разглед на Темишвар со локален водич
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
  • влезници за културно-историски споменици
  • факултативeн ручек во една од најпознатите винарии во Вршац со музика- 30 евра

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Рок на пријавување до 20.02.2023

 

За реализација на аранжманот се потребени  е минимум од 45 патници за автобус!

        Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје