Хотел GORSKI & SPA 4* – Копаоник

 Хотел GORSKI & SPA 4*- КОПАОНИК

 

Gorski Hotel & Spa Kopaonik на 20. јануари 2019 год. ја отпочна работата. Со комфорот и врвната услуга во потполност ќе ја доживеете планинска атмосфера. Со 118 комфорни сместувачки единици Gorski Hotel Kopaonik претставува право освежување во хотелската понуда на Копаоник. Во понуда се 97 луксузни соби и 21 апартман, со капацитет од 400 лица. Категорисан е со 4 ѕвездички, но според услугата, комфорот, луксузот, опременоста и квалитетот на материјалите и опремата, вреди полни 5 ѕвездички. Доколку е ваш избор Gorski Hotel & Spa Kopaonik, сигурно ќе уживате во сите зимски волшебства и престојот на планината, а самиот хотел ќе ви долови мирис и убавина на дрвото, светлината на копаоничко сонце, како и единствен поглед кон врвовите на сребрената убавица. Интересно име на хотелот потекнува од неговото природно опкружување.
Hotel Gorski Kopaonik се наоѓа на пешачката патека од Конаците кон hotel Grand. Уште една причина плус за избор на овој хотел е ski-in ski-out локација.  Содржините на хотелот се: пансионски ресторан, детска игрална, конгресен центар, теретана, фризерски и козметички салон, гаража со 57 паркинг места (со доплата), ски остава, ски рент, лоби бар, а ла карт ресторан, ресторан за скиачи, Спа центар на 390 м2 /затворен базен, сауни, релакс зона, руска бања, ледена фонтана, солена соба, тепидариум/

Тип на соба услуга 3 ноќи
1/1 superior room HB 291
1/2 superior room HB 207
1/1 deluxe room HB 332
1/2 deluxe room HB 231
1/2 superior family room HB 231
1/2 deluxe family room HB 262

Цените се по лице за пакет

 

Тип на соба Макс капацитет услуга 3 ноќи
One bedroom apartman 2-4 HB 650
Two bedroom apartman 2-5 HB 1030

Цените се по апартам  за пакет

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди