Сместена на падините на планината Радан во Јужна Србија, Пролом Бања е позната по својата лековита високоалкална Пролом вода. Сите здравствени програми се засновани на лековитата Пролом вода. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината. Хотелот Радан располага со 212 соби и апартмани во 2 објекта. Освен еднокреветни и двокреветни соби, во понуда има и 8 трокреветнисоби (француски кревет + додатно легло со стандардни димензии), 6 семејни соби (соба со француски кревет + соба со две класични легла, поврзани со врата) и 10 апартмани (спална со дневен престој и кујна). Комплексот на хотелот Радан на своите клиенти им нуди сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, рекреација, забава и излети. Одличен простор за работа во мирен амбиент, хотелот располага со сали за состаноци со сета потребна опрема. Wellness центарот на Пролом Бања претставува ексклузивен комплекс во кој на природен начин се постига баланс на телото, умот и духот. Сите благотворни својства на лековитата Пролом вода, пареата и топлината служат за Ваше уживање, релаксирање и ослободување од секојдневниот стрес.
Хотел Radan 4* |
14.04.-19.04.2023 |
64 |
Во цената е вклучено :
Доплати: – деца до 6,99 години се сместуваат БЕСПЛАТНО со двајца возрасни – деца од 6,99 до 11,99 години плаќаат 50% од цената со двајца возрасни – За две и повеќе деца престојот е можен во семејни соби со доплата од 13 евра по ден |
*Цените се изразени во евра по лице/ноќ