Хотел SOLARIS 5* – Врњачка Бања

Хотел Solaris е единствен wellness  и spa resort во регионот на Врњачка Бања кој се простира на површина од 1 хектар и има 4 ѕвезди. Во изминатите години го зазема водечкото место во хотелиерството, во wellness  и spa, како и во спортскиот, конгресниот и индивидуалниот туризам. Хотелот има 91 конфорна сместувачка единица, апартмани со големина од 45 метри квадратни, на располагање на гостите им се penthouse апартмани, lobby bar, два ресторани, два отворени базени ( од кои еден bio-design а другиот со тропски бар во водата) и затворен базен со солена вода. Комплексот има 100 наткривени паркинг места, wellness центар кој се простира на површина од 1000 m2, конгресна сала до 200 места за седење која е опремена со најсовремена опрема (по потреба може да се подели на две целини) и игротека со два стручни аниматори кои ќе им го направат на децата престојот во хотелот назаборавен. Solaris Resort е сместен во мирниот дел на бањата, во непосредна близина на шеталиштето. Паролата на хотелот е: „Доаѓате како гостин, заминувате како пријател на хотелот“.  Solaris нуди луксузни апартмани и фамилијарни соби со елегантен ентериер, ресторан „Biber“, аперитив бар, wellness центар, сала за семинари, сопствен паркинг простор и детска игротека „Ѕвончиња“. Следејќи ги современите текови, Solaris креирал разновидни содржини во состав на relax & wellness зоната. Во најголемиот wellness центар Ве очекува единствената студена соба, финска и руска сауна, солена соба, џакузи, топли клупи, турско купатило, издробен мраз, арома тушеви и тропски дожд. Најсовремената конференциска сала е со капацитет од 200 места, се простира на површина од 200 m2  и е идеален простор за организација на различни видови семинари, конференции и работни состаноци. Просторот е опремен со најмодерна технологија, климатизација, озвучување, wi-fi конекција, лап топ, четири проектори, 4 платна, flip-chart табли. По потреба, салата може да се подели  во две независни целини кои можат да се прилагодат за потребите на сите видови настани. Конференциската сала се наоѓа во непосредна близина на рецепцијата и е поврзана со lobby барот. За време на организацијата на конференциите, семинарите и работните состаноци, постои можност за организирање коктели за добредојде, кафе паузи и организација на работни или свечени ручеци и вечери.

SOLARIS ***** 01.02-20.06.2023
1/1   APP 116€  – BB                                             122€  – HB
1/2   APP/SOBA 78€   –  BB                                              84€   –  HB
1/3   APP/SOBA 63€   –  BB                                              69€   –  HB
1/4   SOBA 54€   –  BB                                              60€   –  HB
Цената вклучува:

·       Секојдневно неограничено користење на wellness центарот (затворен базен со солена вода, финска и руска сауна, парно купатило, солена соба, студена соба, џакузи, топли клупи, издробен мраз)-еден влез дневно

·       игротеката за деца

·       Во летната сезона неограничено користење на отворените базени. Базенот е со тропски бар и “biodesign” базен.

НАПОМЕНИ:                                                                                                                                                                                                                                             

Услови за престој на деца:

  •  Деца до 4 години бесплатно сместување
  • Од 4-12 години доплата: ноќевање со појадок – 20евра, полупансион -26евра
  •  Деца до 7 години не плаќаат туристичка такса
  • Од 7-15 години плаќаат туристичка такса 0,60 евра од ден
  • Осигурување 0,10 евра по ден
  • Деца до 12 години ја користат солената соба и затворениот базен со солена соба во придружба на возрасни лица во детскиот wellness во терминот од 10-18 часот.
  • ВО ПЕРИОД НА ГОЛЕМИ ГУЖВИ ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ОДРЕДУВА ТЕРМИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПА ЦЕНАРОТ.

ДОПЛАТИ:                                                                                                                                                                                                                                   

  • такса 1,20 евра од ден
  • “biodesign” базен
  • – Обезбеден паркинг простор
  • – Обезбеден Wi-Fi интернет

Цените се изразени во евра по лице од ден

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди