🐣🐰 ПАРИЗ

 

ПАРИЗ

ВЕРСАЈ,ЛУВР,ДИЗНИЛЕНД…

ВЕЛИГДЕН 22 -26 април 2022

 

 

ПАРИЗ 5 ДЕНА / 4 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

 

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

Авионски

превоз

 4 ноќи

+трансфер

+разгледи

 Со појадок

цена : 515€ , 31,827 мкд

1 ден22.04.2022 (Петок)                                                                                                                                                                                 

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.30 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 ч од Скопје,со вклучени пијалоци и оброк во авион. Слетување во Париз во 11:05 ч. Организиран превоз и панорамски разглед на градот со попатни застанување:(Триумфалната Капија,Елисејски Полиња,Црквата Мадлена,Операта Гарние,Лувр,Латински Кварт,Ајфелова Кула…). После 14.00 часот сместување во хотел. Слободно време за одмор и ручек. Организирана прошетка (со метро) до Елисејските полиња.Вечерно крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден – 23.04.2022 (Сабота)

Појадок. Во 08.00 часот организирана (факултативна) посета на Лувр ( со метро)  и водич. Влез во 09.00 ч. Разгледот трае до 12 часот. Слободно време за одмор и ручек. Организирана посета на Галеријата Лафајет и Операта Гарние (од надвор). Разгледот продолжува со организирана посета на Музејот Фрагонар, плоштадот Вандом и хотелот Риц. Враќање во хотел (со метро). Во вечерните часови организирана посета  на Ајфелова кула (со метро).Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро.Враќање во хотел.

Ноќевање.

3 ден – 24.04.2022 (Недела)

Појадок. Организирана( факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во 09.30 ч. Се посетува дворецот и парковите. Вракање во Париз и тоа во Латинскиот кварт,посета на Богородична црква (однадвор). Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот. Организирана посета на  Мон Мартр ,слободно време и прошетка во квартот на уметниците. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Можност за посета на најславното кабаре Мулен руж  (факултативно). Ноќевање.

 

4 ден – 25.04.2022 (Понеделник)

Појадок. Во 08.30ч (факултативно)  целодневна посета  со автобус на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите,парковите, Општината, Бастиља, центарот Помпиду, новиот дел на Париз.  Ноќевање

 

5 ден – 26.04.2022 (Вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета на La Defance . Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во 20:15ч. Полетување за Скопје во 22:10, слетување во 23:25 часот.

 

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

·            Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Croatia Airlines

·            Бесплатен багаж 20 кг + пијалок и храна во авион

·                4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence , https://all.accor.com/hotel/0771/index.en.shtml

·            Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

·            Организиран панорамски разглед на градот

·            Организирани сите пешачки разгледи на Париз со метро и придружник

·            Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии

·            Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

·

Во цената не се вклучени следниве услуги:

·            Аеродромски такси 90 еур / 5.560мкд ,

·            Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 18,60 еур карнет за 10 возења)

·            Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 17.10 еур до врвот 26,80 еур)

·            Посета на Лувр 55 еур влезница +резервација + водич (со метро) за лица  до 18 год. – 25 еур

·            Посета на Версај – 75 еур влезница + водич, за лица до 18 год.  40 еур (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 10 еур

·                  Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро) организирано!

·                  Посета на Операта Гарние  и музејот Орсеј околу 15 еур-влезница за секој објект

·            Посета на Мулен Руж со представа (цена од 135 еур со пијалок ½ шампањ)

·                  Посета на Дизниленд од 110 еур, (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)

·            Вечера или ручек во ресторан од 15 еур без пијалок

·            Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 15 патници

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • За влез во Франција е потребно:

УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ФРАНЦИЈА ОД 12 ФЕВРУАРИ 2022

Државјани на Република Северна Македонија (портокалова зона) може да влезат во Франција почнувајќи од 12.02.2022 година под следниве услови:

  • ДОКОЛКУ СЕ ВАКЦИНИРАНИ НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР/ АНТИГЕНСКИ ТЕСТ
  • За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле една од следниве вакцини:
  • Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson.

И тоа под услов да се поминати:

  • 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA)
  • 28 дена од Johnson & Johnson;
  • 7 дена од трета доза mRNA вакцина (Pfizer) за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA.

Вакцинираните патници се должни да приложат:

  • ПОТВРДА ЗА СТАТУСОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА.
  • ДА ПОПОЛНАТ ИЗЈАВА ДЕКА НЕМААТ СИМПТОМИ НА ИНФЕКЦИЈА СО КОВИД-19 И КОНТАКТ СО ПОТВРДЕН СЛУЧАЈ НА КОВИД-19.

Може да се најде на следниов линк:

https://www.interieur.gouv.fr/covid-19-deplacements-internationaux

  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

   ОСТАНАТИ УСЛОВИ:

  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Феријал Кашиков

 

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје