🐣🐰 САНТОРИНИ

 

САНТОРИНИ

6 дена / 3 ноќи / автобус

 

Термин : 21  Април 2022

 

1 ДЕН21.04.2022 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 14:30ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

 

2 ДЕН 22.04.2022  ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30ч. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно време за одмор.  Вечерта можност за посета на светото место Пиргос  каде се поклонуваат верниците за Велигден, магично осветлено со илјадници светулки. Можност за индивидуална посета на некоја од црквите во Пиргос…  (факултативно). Ноќевање.

 

3 ДЕН 23.04.2022 САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира). Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш, со жичара или со магариња ( традиционална атракција на Санторини , цената е 6 еур.и не е вклучена во цената на излетот. ). Фира е најголемата населба на Санторини и престолнина на островот. Изградена е во 18-от век на една рамнина на карпата која од висина од повеќе од 400 м. стрмоглаво се спушта во водите на Егејско море. Фира е најубава во предвечерието кога на крајот на денот сонцето почнува да се спушта кон запад  а градот се претвора во надприродно место  со неверојатен сјај и величенствена убавина…

Слободно време во Фира за индивидуални прошетки  и можност за ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН 24.04.2022 САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири, најстарото село и прва населба од времето на Минојската цивилизација. Во тоа време тука постоел град со повеќе илјади жители, со куќи на неколку ката, подземни простории и улици. Во Акротири  се наоѓа и најстариот археолошки локалитет во кој можете да видите и замислите како изгледал животот во тоа време во овој град( влезница се плаќа на лице место). Продолжуваме  накај црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната природна убавина. Продолжуваме накај  автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио…  Неизоставна е и посетата на  Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани.Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот. Улиците на Oia се поплочени со мермер  кој свети изабен од милионите чекори на туристите… низ падините на Калдерата стојат низи од скали кои водат до луксузните вили и хотели а меѓу нив се раскошно плавите куполи на  црквичките опкружени со трошните ѕидини  на Венецијанската тврдина. Oia некогаш била центар на тргоовијата на островот на кој живееле капетаните на грчките бродови. Калдерата во Oia е нестварно црвена а во комбинација со бело искречените куќички изгледа како волшебна населба од бајките. А кога сонцето ќе почне да заоѓа, ќе оживеат сите ѕидови, сите ветерници, тесните сокачиња и стрмите скалила… Боите во кои во тие моменти ќе се обои градот го претвараат секое негово ќоше во најромантично место на светот…  стотици туристи се движат кон ѕидините на тврдината да ја доловат и овековечат  магијата на последните зраци сонце кои во потполна тишина  тонат во портокалово и црвено обоените води на Егејското море …

Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање

 

5 ДЕН25.04.2022 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата  GKoutsoyannopoulos WineryWine Museum со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабочина  во вулканска пештера, со одаи во  кои со анимации е презентирана историјата на производство на вино на четиринаесет генерации,  а поврзани со пештерски ходници . Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина кои се произведуваат само тука на Санторини…

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

 

6 ДЕН26.04.2022  СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА  : 189 / 11.720 ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   209/ 12.960 ден.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ  ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел со 2*/3* во  Периса
  • Организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

  • Вечерна посета на Пиргос – 7€
  • Full day Santorini – 35 € (превоз + водич)
  • Влезница на вулканот 5 евра
  • Kaldera morning  -( превоз до пристаниште+крстарење со брод+водич)35€
  • Жичара или магаре до Фира – 6 €
  • Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) – 20 €
  • Грчка вечера  30 €
  • Туристичка такса 6 еур за 3 ноќевања (се плаќа во агенција)
  • Задолжително патничко осигурување 210 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје