🐣🐰 ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ

ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ

Манастир Жича-Краљево    

4 дена/ 3 ноќ / автобус

1 ден 22.04.2022 (петок) Штип/Скопје – Врњачка Бања

Поаѓање за Врњачка Бања во 04.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во  05.00 часот  од Скопје, паркингот пред хотел Вип. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања, eдна од најубавите туристички дестинации во Србија која има најдолга традиција во туризмот-цели 150 години. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетка низ Врњачка Бања – посета на Мостот на љубовта, каде до денес вљубените парови ја задржуваат традицијата да ја „врзуваат“ својата љубов со поставување катанец испишан со своите имиња, а клучевите симболично ги фрлаат во реката.Вечера . Ноќевање.

2 ден 23.04.2022 (сабота) Врњачка Бања

Појадок. Слободно време за одмор и прошетка. Вечера. Околу 21:00 часот се поаѓа према центарот, посета на црква каде се пречекува величествениот  миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Ноќевање.

3 ден 24.04.2022 (недела) Врњачка Бања – Манастир Жича-Краљево-Врњачка Бања

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или користење на хотелските содржини за одмор и релаксација.Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича и градот  Краљево . Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место.Слободно време за разглед и прошетка во Краљево .Враќање во хотелот. Користење на хотелските содржини за одмор и релаксација. Вечера.Ноќевање.

4 ден 25.04.2022 (понеделник) Врњачка Бања-  Ниш – Скопје/Штип

Појадок. Заминување за Македонија со попатна посета на  шопинг центар во Ниш.Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје/ Штип  во  доцните вечерни часови.

 

цена: 150 €

 

Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • превоз со  туристички автобус
  • 3 ноќевање на база полу пансион ( поајдаок и вечера) во Хотел Бреза 3* во Врњачка Бања
  • посета на Ниш
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

 

Во цената  на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Манастир Жича и градот Краљево – 10 евра ( мин. 20 патници за реализација )
  • туристичка такса  – ( задолжителна доплата во агенцијата )
  • патничко осигурување – 200 денари (задолжително)
  • влезници за културно-историските споменици

 

*Плаќањето е во денарска против врдност по среден курс на Народна Банка на денот на уплата!

 

 

Хотел 3 Ноќевања со појадок 3 Ноќевања на полу пансион
Хотел Zepter 4* / 126 евра
Хотел Tonanti 4* / 177 евра
Хотел Fontana 4* 123 евра 141 евра
Хотел Solaris 4* / 213 евра
 Хотел Park 5* 207 евра /

                                                  Цените се дадени по лице од пакет без превоз

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цена на аранжманот .

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Рок на пријавување 15.04.2022

 

  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје