🐣🐰 ЗЛАТИБОР – МОКРА ГОРА – НИШ

ЗЛАТИБОР – МОКРА ГОРА – НИШ

4 дена / 3 ноќи / автобус

1 ден 22.04.2022 (петок) Штип/Скопје- Мокра Гора –  Златибор

Поаѓање за Златибор во 04.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во  05.00 часот  од Скопје, паркингот пред хотел Вип. Патот води преку граничниот премин Табановце кон Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Златибор, , еден од најдобрите летно-зимски рекреативни центри на Балканот. Сместување во хотел.  Слободно време за прошетки низ Златибор. Вечера.  Ноќевање.

2 ден 23.04.2022 (сабота) Златибор

Појадок. Слободно време за прошетка  или  можност за користење на спа услугите во хотелот.Вечера.  Во вечерните часови можност за посета на црквата, Св. Преображение Господово” и присуство на полноќна Литургија за Христовото Воскресени. Ноќевање.

3 ден 24.04.2022 (недела) Златибор  – Мокра Гора – Сирогојно -Златибор

Појадок. По појадокот факултативна посета на  Дрвенград, дело на Емир Кустурица специјално конструиран за снимање на филмот “Животот е чудо”. Шетајќи низ Дрвенград ќе добиете впечаток како населбата да е градена пред 100 години од рацете на старите градители. Овде може да ги пробате познатите слатки и природни сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Џокович, Диего Марадона, Џони Деп итн.Потоа посета на етно село Сирогојно . Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Слободно време за разглед .Враќање во Златибор. Вечера. Ноќевање.

2 ден 25.04.2022 (понеделник) Златибор  –  Ниш – Скопје/ Штип

Појадок.Заминување за Македонија со попатна посета на шопинг центар во Ниш. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје/ Штип  во  доцните вечерни часови.

цена: 215€ евра по лице

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • 3 ноќевање на база полупансион( појадок и вечера)  во хотел 4* во Златибор
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

 

Во цената на аранжманот не е вклучено  :

  • туристичка такса – 200 денари (задолжителна доплата во агенција)
  • посета на Мокра Гора и етно село Сирогојно- 15евра – ( мин. 20 патници за реализација )
  • влезница во музејот Сирогојно – ( плаќање на влез )
  • влезница за посета на Древенград – ( плаќање на влез )
  • патничко осигурување – 250 денари  (задолжително)

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Рок на пријавување до 28.03.2022   

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје