ВРЊАЧКА БАЊА

ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ 

2 дена/ 1 ноќ / автобус

 

1 ден 04.03.2023 (сабота) Штип/Скопје – Врњачка Бања

Поаѓање за Врњачка Бања во 04.00 часот од Штип паркингот пред Новата Пошта, во  05.15 часот  од Скопје, паркингот пред хотел Вип. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања, eдна од најубавите туристички дестинации во Србија која има најдолга традиција во туризмот-цели 150 години, најпопуларниот бањски град на Србија. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетка низ Врњачка Бања – посета на Мостот на љубовта, каде до денес вљубените парови ја задржуваат традицијата да ја „врзуваат“ својата љубов со поставување катанец испишан со своите имиња, а клучевите симболично ги фрлаат во реката. Вечера.   Ноќевање.

2 ден 05.03.2023 (недела) Врњачка Бања-  шопинг центар Делта Планет (Ниш )– Скопје/Штип

Појадок. Заминување за Македонија во пладневните часови со попатната посета на шопинг центар Делта Планет во Ниш. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје/ Штип  во  доцните вечерни часови.

цена: 5.240,00 денари

 

Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • превоз со  високотуристички автобус
  • 1 ноќевање на база полупансион (појадок и вечера) во хотел 3* во Врњачка бања
  • посета на Ниш
  • организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

Во цената  на аранжманот не е вклучено:

  • туристичка такса  – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенцијата )
  •  патничко осигурување -150  денари (задолжително)
  • влезници за културно-историските споменици

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Пријавување до 24.02.2023 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје