Вила “Lemonis” – Полихроно
Вила “Lemonis”, се наоѓа во централниот дел на Пoлихроно, на улицата кај Црквата, и на 150m од плажа. На 50м од вилата на истата улица која води кон плажа има супермаркет како и познатиот млечен ресторант “Lemonis Bakery“, ресторани за брза храна.. Одлична вила и локација во центар. Под вилата до влезот има салон за убавина Nails Land. Вилата располага со апартмани со една спала соба за 4 лица на: приземје / први и втори кат. Сите апартмани се исти и опремени со: просторна дневна соба со кујна (комплетно опремена+голем фрижидер), трепезарска маса, TV, кревет на спуштање каде може да спијат две лица и спална соба со брачен кревет за уште две лица, гардеробер, купатило, клима и интернет – БЕСПЛАТНИ. Сите апартмани имаат голема тераса каде што се излегува од спалната и дневната соба. Тарасата на II-ри кат има поглед на море. Вилата нема сопствен паркинг, гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата доколку има слободни места за паркирање.
Leto 2023
5% попуст за целосна уплата до 01.04.23
НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Во апартманот, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат; 6 години;
– Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата на булеварот кај семафорите на автобуската постројка.
– Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
– Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);