Вила Armonia Agios Nikitas Lefkada
Вила Армониа Б кат се наоѓа на околу 2 км од познатата плажа Катизма и 1км од Агиос Никитас. Располага со студија и апартмани во кои можат да се сместат 2-4 лица. Нуди приватен паркинг, интернет и рецепција. Има одлична локација за обиколка на плажите на западниот брег. Најблиската самопослуга и пекара се на 1 км во Агиос Никитас.
Вила Армонија располага со 1/2 студија од 20м2 со брачен кревет плус дополнителен кревет со душек со стандардни димензии и 1/2 студиа со дополнителен кревет на оторање и можност за сместување на двајца возрасни и две деца..
Сите сместувачки единици во вилата имаат клима, телевизор, кујна (две рингли и мал фрижидер со комора), бања со фен и тераса. Безжичен интернет е достапен во сите соби. Вилата располага со мала рецепција која е достапна за гостите во текот на денот за секаква помош и информација, како и паркинг за сите гости. До вилата ќе стигнете со возење на 10 км од Лефкас, поминувајќи го Агиос Никитас и по 1 км ќе ја најдете вилата Армонија од десната страна. Вила Армонија е идеална за сите патници кои сакаат сместување во близина на плажата Катизма, блиску до населени места како што сликовитото селце Агиос Никитас кое располага со прекрасна плажа од каде поаѓаат такси бротчињата до плажата Милос, многу ресторани, продавници. Во Агиос Никитас ќе можете да изнајмите кола или мотор по желба, доколку сте без сопствен превоз.
Лефкада е прекрасен остров на јонско море, идеален за активен одмор, со премногу плажи, заливи и островчиња за истражување.
Цените се за наем на студио за 7 ноќевања
дата | 1/2 студио (2 лица) | 1/3 студио (3 лица) | 1/2+2 (студио 4 лица) |
24.05-31.05 | 79 | 89 | 99 |
31.05-07.06 | 89 | 99 | 109 |
07.06-14.06 | 139 | 159 | 179 |
14.06-21.06 | 189 | 209 | 229 |
21.06-28.06 | 239 | 259 | 279 |
28.06-05.07 | 259 | 279 | 299 |
05.07-12.07 | 319 | 339 | 359 |
12.07-19.07 | 359 | 379 | 399 |
19.07-26.07 | 389 | 409 | 429 |
26.07-02.08 | 399 | 419 | 439 |
02.08-09.08 | 399 | 419 | 439 |
09.08-16.08 | 399 | 419 | 439 |
16.08-23.08 | 399 | 419 | 439 |
23.08-30.08 | 379 | 419 | 439 |
30.08-06.09 | 369 | 389 | 409 |
06.09-13.09 | 249 | 269 | 289 |
13.09-20.09 | 129 | 139 | 149 |
20.09-27.09 | 89 | 99 | 109 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања во студио, (по избор)
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
Напомена:
За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Попустите не може да се комбинираат.
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см.