Хотел Eser premium and spa 5*Бујукчекмеџе

Луксузен 5 ѕвезден хотел кој ви овозможува апсолутна реклаксација, уживање во базенот и спа центарот кој се наоѓа на панрамскиот спрат со поглед кон Мраморното море.

Овој хотел е идеален за луѓето кои бараат опција за втор одмор и каде сакаат да ги наполнат батериите релаксирајќи се во хотел со 5 ѕвезди, а по цена како во апартмани! Овој хотел е идеален и за луѓето кои сакаат да го истражуваат Истанбул преку наша организација. Крстарење по Бософор, посета на Капали Чаршија, шопинг искуство и многу други активности.

Бујукчекмеџе е населба која е доста раздвижана и има што да се посети и како да се исполни слободното време.

Хотелот Есер се наоѓа на 180 метри од песочна плажа на Мраморно море. Плажите се пространи без чадори и лежалки, покрај плажите се има кафулиња, а гостите може да си понесат чадори за сонце.

Ваквата понуда од 7 ноќевања, сместување во 5 ѕвезден хотел кој има феноменална услуга и вклучен појадок во цената, користење бесплатно на спа услугите и панорамскиот базен (на кој можете да се сончате), вклучен автобуски превоз, организатор кој ќе ве спроведе до самиот хотел, можност за прошетки низ Истанбул е една од ретките кои не смеете да ги пропуштите. Сето ова го добивате за само 229 евра!

Хотелот Eser premium and spa 5* е достапен со лимитиран број на патници за термините:
📍26.07-02.08: 229€ по лице
📍02.08-09.08: 229€ по лице
📍09.08-16.08: 229€ по лице
📍16.08-23.08: 229€ по лице
📍23.08-30.08: 229 € по лице

ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на хотел Русија во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел Eser hotel and Spa 5* кој има базен на најгорниот спрат, спа центар, џакузи, врвна услуга и вклучен појадок.

Пристигнувањето на групата во Бујукчекмеџе која е населба на 20 минути од Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00 часот

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање во услугите кои ги нуди хотелот, прошетка во околината.

Ноќевање.

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Бујукчекмеџе.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUERE MALL

. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

 

Плаќањето е во денарска противредност 1€ =62 денари. 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје