Сместување-Хотел Марин Принцес 5*- e паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Некои соби имаат топла када и пространа седење.Хотелот служи голем појадок кој е вклучен во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.
Поаѓање | Враќање | Цена | Промо цена | |
06.06.2023
|
13.06.2023 | 210e | 175е | |
13.06.2023 | 20.06.2023 | 220e | 190е | |
20.06.2023 | 27.06.2023 | 232e | 205е | |
27.06.2023 | 04.07.2023 | 244е | 215е | |
04.07.2023 | 11.07.2023 | 256е | 225е | |
11.07.2023 | 18.07.2023 | 269е | 239е | |
18.07.2023 | 25.07.2023 | 281е | 240е | |
25.07.2023 | 01.08.2023 | 281е | 240е | |
01.08.2023 | 08.08.2023 | 281е | 240е | |
08.08.2023 | 15.08.2023 | 281е | 240е | |
15.08.2023 | 22.08.2023 | 281е | 240е | |
22.08.2023 | 29.08.2023 | 265е | 235е | |
29.08.2023 | 05.09.2023 | 244е | 220е | |
05.09.2023 | 12.09.2023 | 232е | 210е | |
12.09.2023 | 19.09.2023 | 221е | 205е | |
19.09.2023 | 26.09.2023 | 210е | 175е |
Што е вклучено во цената
- Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
- Автобуски превоз
- Туристички придружник за време на целиот престој
- Лежалки и пешкири на плажа и базен
- Користење на 2 базени со солена вода
- Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола
Што не е вклучено во цената
- Патничко осигурување (1 евро од ден)
- Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Факултативни излети.
- Туристицка такса 3,50е по лице за 7 ноќевања
Напомени:
- Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
- Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
-
- Сместувањето во хотелот го одредува самио менаџмент. Ескејп Травел не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
- За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
- За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 7 дена пред поаѓање
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
- Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга
- Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
- Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
- За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
- За споен термин се сметат две суми од промо цените.
- За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
- Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
- Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени.
- Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
- Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во автобус)
- Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
- Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
- При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
- Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
- Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а Ескејп травел како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
- Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.
Факултативни излети
ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР-Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.
ДЕВОЈАЧКА КУЛА (Kiz Kulesi).–Девојачката Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.
УСКУДАР–Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девинатс кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.
НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!
- ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)
65€ –Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра.