Куќа „АNA“- НЕА ФЛОГИТА

Куќа „АNA“ – Неа Флогита

 

Куќа „Ана“ е лоцирана централно во Неа Флогита, во вториот ред куќи, на само 50 метри од плажа. Околу неа има слободни места за паркинг.

Располагаме со два апартмана, секој од нив со по една спална соба во која има брачен – француски кревет и во втората соба каде што е комплетно опремената кујна има уште две одвоени легла. Опремена е со малку постар но сигурно квалитетен мебел.

Имаат големи убави тераси со поглед на уличката. Сите имаат ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.

 

  1.  
    1. Вонсезонски цени
    Термин Ноќевања 1во и 2ро лице 3. и 4. лице
    22/05-29/05 7 79 40
    29/05-05/06 7 99 40
    05/06-12/06 7 119 40
    12/06-19/06 7 139 40
    19/06-26/06 7 155 40
    26/06-03/07 7 175 40

    *Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за само 2 лица

     

    1. Сезонски цени
    Термин Ноќевања 1/4 апартман
    03/07-10/07 7 385
    10/07-17/07 7 420
    17/07-24/07 7 455
    24/07-31/08 7 455
    31/07-07/08 7 455
    07/08-14/08 7 455
    14/08-21/08 7 455
    21/08-28/08 7 420

     

    1. Вонсезонски цени
    Термин Ноќевања 1во и 2ро лице 3. и 4. лице
    28/08-04/09 7 169 40
    04/09-11/09 7 149 40
    11/09-18/09 7 119 40
    18/09-25/09 7 89 40
    25/09-02/10 7 79 40

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за само 2 лица

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
    За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Феријал Кашиков НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „ Феријал Кашиков “ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари.Плаќањето е исклучиво во денари

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје