Куќа „Marija Karga“ – ОРМОС ПАНАГИЈАС

Куќа „Marija Karga“ – Ормос Панагијас

 

 

Термин Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио
05/06-12/06 7 140 175 245
12/06-19/06 7 175 210 280
19/06-26/06 7 210 245 315
26/06-03/07 7 245 315 350
03/07-10/07 7 280 350 455
10/07-17/07 7 350 420 490
17/07-24/07 7 385 455 525
24/07-31/08 7 385 455 525
31/07-07/08 7 385 455 525
07/08-14/08 7 385 455 525
14/08-21/08 7 385 455 525
21/08-28/08 7 350 420 455
28/08-04/09 7 280 350 420
04/09-11/09 7 245 315 350
11/09-18/09 7 210 245 315
18/09-25/09 7 175 210 245

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

 

  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „ Феријал Кашиков “. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „ Феријал Кашиков “, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „ Феријал Кашиков “ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „ Феријал Кашиков “ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „ Феријал Кашиков “ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „ Феријал Кашиков “ и на самата агенција.

 

 

Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари.Плаќањето е исклучиво во денари

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје