Куќи „GALERI“ и „KONAKI“

Амулијани

Куќи „Галери“ и „Конаки“  

 

Куќите „Конаки“ и „Галери“ со лоцирани на околу 200 метри од пристаништето и во центарот на неповторливото, автентично селце Амулијани, една наспроти друга. Двете содржат двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија. Секое од нив е со копмплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. Веднаш до нив има слободен простор за паркинг, како и маркети, таверни. Предноста кај куќа „Галери“ е што има мал двор со маси, столови и скара за гостите, а куќа Конаки“ има големи тераси.

Термин Ноќевања 1/3 студио 1/4 студио
29/05-05/06 7 140 175
05/06-12/06 7 175 210
12/06-19/06 7 280 315
19/06-26/06 7 315 350
26/06-03/07 7 385 420
03/07-10/07 7 420 455
10/07-17/07 7 490 525
17/07-24/07 7 490 525
24/07-31/08 7 490 525
31/07-07/08 7 490 525
07/08-14/08 7 490 525
14/08-21/08 7 490 525
21/08-28/08 7 455 490
28/08-04/09 7 350 385
04/09-11/09 7 315 350
11/09-18/09 7 245 280
18/09-25/09 7 175 210
25/09-02/10 7 140 175

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
    • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „ Феријал Кашиков “. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „ Феријал Кашиков “, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „ Феријал Кашиков “ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „ Феријал Кашиков “ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „Феријал Кашиков“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Феријал Кашиков“ и на самата агенција.

 

Цените се изразени во евра во денарска противредност 1€ = 62 денари.Плаќањето е исклучиво во денари

Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје