Вила Блу Дрим – Калитеа

Вила “Blue Dream” Калитеа

 

Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и   интернет – БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.

.

Early Booking – Leto 2023

5% попуст за целосна уплата до 01.04.23


НАПОМЕНА
–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

–  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата.

–  Клима – БЕПЛАТНА!!

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди