ПАРАЛИЈА – ВИЛА ЕЛИТ
ЛЕТО 2023
На 70км. од Солун се наоѓа Паралија, едно од најпознатите и најпосетувано летувалиште во Грција. Посебно се препорачува за љубителите на шопингот и добриот провод, со многу продавници, кафичи, дискотеки, таверни…. Живо место со голема плажа и топло море, поволно за посета пред и после сезона.
Вила Елит се наоѓа во центарот на Паралија на 80-90м. од плажа. Вилата располага со студија 1/2 со два единечни кревети, 1/3 со еден дупли и еден единечен кревет. Сите студија се на прв и втор спрат опремени со кујна, купатило, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред ( доплата 5 евра на ден).
ПАРАЛИА – ЕЛИТ | |||
ПЕРИОД | НОЌИ | 1/2 | 1/3 |
02.06-09.06 | 7 | 90 | 100 |
09.06-16.06 | 7 | 120 | 140 |
16.06-23.06 | 7 | 170 | 190 |
23.06-30.07 | 7 | 230 | 250 |
30.06-07.07 | 7 | 260 | 280 |
07.07-14.07 | 7 | 280 | 300 |
14.07-21.07 | 7 | 300 | 320 |
21.07-28.07 | 7 | 300 | 320 |
28.07-04.08 | 7 | 300 | 320 |
04.08-11.08 | 7 | 300 | 320 |
11.08-18.08 | 7 | 300 | 320 |
18.08-25.08 | 7 | 290 | 310 |
25.08-01.09 | 7 | 260 | 280 |
01.09-08.09 | 7 | 220 | 240 |
08.09-15.09 | 7 | 170 | 180 |
15.09-22.09 | 7 | 130 | 140 |
22.09-29.09 | 7 | 90 | 95 |
Цените се изразени во евра за наем на студио за 7 ноќевања (1евро=62ден)
Доплата за туристичка такса 0,5 евра по соба на ден (плаќање во агенција)
Напомена:
Задолжително патничко здравствено осигурување – без франшиза до 65год. – 300 ден. , над 65 год. – 500 ден.
За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.
Собите се напуштаат во 09.00ч., сместувањето е во 13.00ч. по локално време.
Останати услови :
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- При сместувањето, ако гостите забележат некој недостаток, или дел од инвентарот да е оштетен, должни се да ги известат сопствениците на објектот,или лицето кое ги сместува, за да не дојде до плаќање на веќе оштетен инвентар.
- Агенцијата организатор не може да ја гарантира брзината ниту достапноста на интернетот во објектите каде што е наведен интернетот како бесплатна услуга.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.