Вила “VANGELIS” Лептокарија

Вила “VANGELIS” Лептокарија

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, венаш до хотел “Eleni” во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.

Early Booking – Leto 2024
10% попуст за целосна уплата до 01.02.24 | 5% попуст за целосна уплата до 01.03.24

опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем без превоз цени по лице со превоз

НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
– Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
– Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
– Доплата за клима – 7€ од ден на лице место;
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди