КАВАЛА И ТАСОС – 24ти МАЈ

КАВАЛА
со посета на зелениот остров ТАСОС  и ЦРКВАТА СВ. ЛИДИЈА
3 дена/ 2 ноќи / автобус

1 ден 24.05.2024 ( петок ) Скопје/ Штип/ Струмица – Кавала
Поаѓање за Кавала во 02.30 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 04.00ч од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.00 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Разглед на градот со туристички придружник. Посета на црквата Св.Никола каде се наоѓаат трите камења, местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон тврдината, Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Тоа е оној традиционален симбол кој овозможува магичен поглед како град распослан по морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативна вечера во таверна. Ноќевање.

2 ден 25.05.2024( сабота ) Кавала- Тасос- Кавала
Појадок. Ден за одмор или можност за факултативна посета островот Тасос. Поаѓање кон Керамоти – Трансфер со траект до Тасос. Пристигнување во Тасос, на пристаништето во главниот град на островот – Лименас. Посета на женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“, едно од најпознатите чудотворните места на светот. Токму овде се чува најсветата реликвија – клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледот слободно време за индивидуални активности на една од најпознатите плажи плажа во Тасос – Golden Beach.( Ситниот бел песок, тиркизното и кристално чисто море се оние адути кои ја прават една од најубавите плажи во Европа) Пред заминувањето за Кавала попатна посета на традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) со специфична архитектура на куќите. Во вечерните часови враќање во Кавала. Ноќевање.

3 ден 26.05.2024( недела ) Кавала – Струмица –Штип-Скопје
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

цена: 6.990,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со високо туристички автобус
• 2 ноќевања со појадок во хотел Nefeli 2* во Кавала
• Разглед на Кавала и Црквата св. Лидија
• организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
• патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
• Факултативна посета на Тасос (превоз +бродска карта +разглед на Тасос)- 25 евра (резервација во агенција, доплата во бус)
• Факултативна вечера
• Влезници за културно-историски споменици
 Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Општи напомени:
– ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди