8ми Март во ЛУТРАКИ и ВОДЕН

ЛУТРАКИ – ВОДЕН
2 дена/ 1 ноќ / автобус

 

1 ден  02.03.2024 ( сабота ) Скопје/Штип- Лутраки
Поаѓање за Лутраки во 05.00 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип, во 06:00 од Штип, паркингот пред Новата пошта. Дневно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Лутраки. Сместување во хотел. Посета на познатите бањи со топла вода кои се идеални за бањска терапија. Можност за уживање во минералните води на отворените базени. Слободно време за индивидуални активности. Moжност за организирана факултативна вечера. Ноќевање.

2 ден 03.03.2024( недела )  Лутраки- Воден – Штип / Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија со попатна посета на градот Воден со прекрасните Водопади – Катаракти. Пристигнување во Штип/ Скопје во вечерните часови.

 

цена: 4.500,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • превоз со туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Лутраки
  • посета на Воден
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса 100,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување 150 денари (задолжително)
  • влезница за базените 3 евра ( се плаќа на самото место при влез)
  • факултативна вечера со музика  20 евра ( минимум 25 лица, пријавување при резервација )

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

 

Општи напомени :

– ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Рок на пријавување до 24.02.2024
      Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди