БЕЛГРАД И НОВИ САД 24 МАЈ

БЕЛГРАДНОВИ САД

автобус 3 дена/ 2 ноќи

1 ден 24.05.2024     Штип- Скопје- Куманово -Белград

Поаѓање за Белград во 04:00 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта, 05:30 часот од Скопје, пред хотел Континентал, 06:00 часот од Куманово, бензинска Макпетрол. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Разглед на Белград: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за индивидуални активности до 14 часот. Сместување во хотел во 14: 30 часот. Попладне прошетка на плоштадот Теразије. Слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

2 ден  25.05.2024 Белград – Нови Сад – Белград

Појадок. Поаѓање за Нови Сад. Нови Сад  е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. По посетата слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во попладневните часови. Посета на Скадарлија или Сплав. Ноќевање.

3 ден 26.05.2024 Белград -Куманово- Скопје- Штип

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг центар Галерија – слободно време за шопинг. Попладне, поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Куманово/Скопје/Штип во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА: 6.600,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус или минибус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • туристичка такса
  • патничко осигурување
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник
  • разглед на Белград и Нови Сад

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

  • влезници за културно- историски споменици

Општи напомени:
– ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди