Медитеранскиот Бисер – МАЛТА 24ти МАЈ
8 Дена / 7 ноќевања / Авион
Малта и малтешките острови се полни со живописни раздвижени градови, но и со неверојатни плажи, заливи и природни убавини. Можете да изберете помеѓу песочни и карпести плажи. Главниот град Валета ќе ве воодушеви со своите импозантни ѕидови, видиковци, палати и згради, како и прекрасната катедрала Св. Џон, во која се наоѓа и една од најпознатите слики на Караваџо. Градот е целосно под заштита на УНЕСКО. Истражувањето на островот е навистина интересно, било како дел од организирана екскурзија, или во индивидуална „режија“. Ќе наидете на прометни градови, но и ридски предели, полиња со винова лоза, многу невообичаени кактуси и прекрасно живописно крајбрежје. Малтешката кујна е комбинација на традиционални островски специјалитети и кујни на различни освојувачи низ историјата. На Малта можете да јадете навистина добро, почнувајќи од различни видови тестенини, специјалитети од месо и риба, салати и одлични десерти на кои е тешко да се одолее. Малта е позната по своите добри вина, а производството на вино е старо колку животот на островот. Малта е идеално поврзана со јавен превоз, со помош на Google Maps лесно може да се најдат информации за автобуси, автобуски постојки и слично. Информации за билети на следната веб страна www.publictransport.com.mt. Транспортoт на островот е одлично поврзан и можете да стигнете практично до која точка сакате.
24 јуни (понеделник) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродром Скопје во 18.45 часот. Полетувањето е во 20:55 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:40 часот. Организиран трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Ноќевање.
25 јуни – 30 јуни МАЛТА
Појадок. Денови за одмор, уживање и капење. Можност за посета на факултативни излети… Ноќевање.
01 јули (понеделник) МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23.15 часот. Слетување во 00:55 часот.
ХОТЕЛ | Соба | Промо цена до 20.04 | ЦЕНА |
PLAZA REGENCY Hotel 3* – Sliema
www.plazahotelsmalta.com
|
Standard Inland view
Standard Sea view
|
579
659 |
629
709 |
ALEXANDRA Hotel 3* – St. Julian’s
www.alexandrahotelmalta.com |
standard | 629 | 679 |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
- Аеродромски такси
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во хотел по избор на Малта на база 7 ноќевања со појадок
- Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
- Организација на аранжманот
- Локален водич на Малта
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
- Факултативни излети: Посета на Валета / Излет по Малта/ Посета на Гозо/ Посета на Комино и Сина лагуна
- Туристичка такса се плаќа во хотелот
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
Напомена:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ.
ЛЕТУВАЛИШТА:
St. Julian’s
Најголемиот и најпосетуваниот туристички центар на Малта, украсен е со интересни градби и палати од ерата на британското владеење. Има и неколку заливи, неколку песочни и карпести плажи и многу туристички капацитети. Исклучително богатиот ноќен живот се одвива во дел од градот наречен Paceville, каде што сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус од многуте клубови со различна понуда и разновидна музика.
Sliema
Во живописниот туристички град Слиема секој ќе најде нешто за себе, одличен шопинг, кафулиња, ресторани и спортски објекти. Слиема има прекрасно, популарно шеталиште долго 3 километри, покрај море со прекрасни згради и палати од ерата на британското владеење. Доколку сакате да се освежите и да пливате во кристалното сино море, доволно е да се симнете по скалите од шеталиштето и ќе се најдете на добро уредена карпеста плажа. Со пешачење покрај морето, можете брзо да стигнете до Сент Јулијан.
Qawra и Buggibba
Тивкото одморалиште Кавра е поврзано со соседното Бугиба. Тиe се нешто потивки од Слиема и Сент Јулијан но сепак во летните месеци на своите гости им нудат мноштво туристички капацитети, ресторани, кафулиња и продавници за сувенири. Имаат и неколку прекрасни плажи.
ИЗЛЕТИ:
- -ВАЛЕТА
- -ИЗЛЕТ ПО МАЛТА – BlUE GROTTO – МДИНА – TA’QАLI – MOST
- -ГОЗО
- -КОМИНО и СИНА ЛАГУНА