ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ПЛАНИНАТА ‘РТАЊ И СОКО БАЊА

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ПЛАНИНАТА РТАЊ И СОКО БАЊА
23.10.2024
ПЛАНИНА РТАЊ- ПРИРОДНА МИСТЕРИОЗНА ПИРАМИДА

 

            Природната пирамида во Источна Србија  светилиштето Врело, комплекс од три енергии – оргонска, електрична и магнетна, а воедно e и најмоќното место на светот. Комбинацијата на овие три енергии е многу поволна за човечкото тело. Доволно да се помине таму 3 дена по 20 минути за да ja обновите вашата енергија.

23.10.2024 (Среда)- Штип/ Скопје/ Куманово- Планина ‘Ртањ- Сокобања

Поаѓање во 05.00 часот од Штип пред Нова Пошта, 06:00 од Скопје пред хотел Континентал, 06:30часот  од Куманово. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во ‘Ртањ. Феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Прошетка и разглед на ’Ртањ и прва од двете посети на местото кое е познато по космичката енергија- “Светилиште” и е единствено во Европа. Запознавање со планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа. Местото изобилува со ендемски видови на чаеви, од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај- познат по лековитата моќ. Исто така ќе ја видите древната пирамида (налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога. Планината Ртањ ја посетувал и самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија. Денес, тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ. Поаѓање за Соко Бања.Прошетка, разглед и пауза за ручек. Оазата на кислород- идеална надморска височина, умерено-континентална клима, чистиот планински воздух и убавата недопрена природа.  Враќање за Македонија. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

цена: 1.500,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на дадената релација
  • Разглед на планината Ртањ
  • Посета на Соко Бања
  • организација и реализација  на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување

 

За реализација на аранжманот е потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди