НОЕМВРИ ВО КИПАР

Ноември во Кипар
5 дена / 4 ноќевања / Авион

 

КИПАР живописен остров во Средоземното море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи, влијанието на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина во Кипар да доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот. Поголеми градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Ларнака, големото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука… Лимасол, модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар…Никозија, антички наречена Ледра, град кој припаѓа на две држави. Интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица…

20.11.2024  (Среда)    СКОПЈЕ/ШТИП – ЛАРНАКА                                                                                                                                             
Состанок на групата во 01:30 часот кај хотел Континентал, поаѓање во 02:00 часот, во 03:30 часот од паркингот пред Новата Пошта во Штип. Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:10 ч. Слетувањето е во 11:10 часот. Организиран трансфер до хотелот.  Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Ноќевање.
21.11.2024   (Четврток)    ЛИМАСОЛ и ПАФОС                                                                                                                                             .
Појадок.
 Факултативна посета на вториот по големина град,  Лимасол. Разглед и прошетка низ градот, слободно време за кафе и ручек на познатата улица и  пристаништето со луксузни јахти… Попатна посета на плантажа за лимони и портокали Фасури. Патот не води кон тврдината Колоси  и старо грчката тврдина Куриум, пристигнуваме на плажата на која во морската пена се родила божицата Афродита. Продолжуваме кон Пафос – град на југозападниот брег на Кипар каде што има најмногу историски споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Разгледот започнува со посета на катакомбите на св. Соломон и црквата на св.Павле (павлови стубови). Попатна посета на манастирот св. Неофит Кипарски. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
22.11.2024   (Петок)    НИКОЗИЈА                                                                                                                                                                     .
Појадок.
Факултативна посета на Никозија- главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разгледот започнува со посета на црквата св. Лазар, патот продолжува кон манастирот св. Текла. Прошетка низ еден од најпознатите булевари Палма и центарот на Ларнака. Пристигнување во Никозија, посета на катедралата св. Јован и Торањот, прошетка низ градот познат по автентични продавнички, ресторани, пазари, слободно време за шопинг или ручек во некои од многубројните кафани. Продолжуваме кон центарот на Никозија каде е зелената линија  и познатиот ѕид кој го дели Кипар на  Грчки и  Турски дел. Посета на црквата Аја Фанеромени, слободно време. Посета на катедралата на св. Џона и статуата на независен Кипар. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
23.11.2024   (Сабота)    ПЛАНИНАТА ТРОДОС,  СЕЛАТА ПЕДУЛАС, ПЛАТРАС И ОМОДОС                                                              .
Појадок. Факултативна посета
на планината Тродос , факултатива која не води по планинските краеви и најзелените делови на Кипар, со прекрасни традиционални селца. Возејќи се по планината поминуваме покрај најголемата брана за вода Курис и огромните плантажи за грозје. Поминуваме по планината Тродос со кратка прошетка, потоа пристигнуваме во една од најголемите и најраскошните манастири  Кикос, познат по богатата колекција на икони и највредната икона на света Богородица Троручица која ја насликал св. Лука. Патот продолжува кон гробницата на Архиепископот Макариос прв претседател на Република Кипар. Попатна посета на селото Педулас и црквата св. Архангел Михаил. Патот не води кон селото Платрас. Овде ќе ги посетиме манастирот Тродотиса и позната винарија каде што ќе имаме дегустација на вино и ракија. Пристигнуваме во селото Омодос каде ја посетуваме црквата на светиот крст каде е зачувано дел од јажето со кое бил врзан Исус Христос на чесниот КРСТ. Враќање во хотел.  Ноќевање.
24.11.2024   (Недела)    ЛАРНАКА – СКОПЈЕ                                                                                                                                                  .
Одјавување од хотел во 03:00 часот, во 03:30 трансфер до аеродром, полетување во 06:20 часот.  Слетување во Солун во 08:35 часот. Трансфер и пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 390 € /24.180,00 мкд

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Сместување во хотел3* на база 4 ноќевања со појадок
  • Трансфер Скопје – Солун аеродром – Скопје
  • Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
  • Туристичка такса 560,00 ден (се плаќа во агенција)
  • Факултативна посета на Никозија – 65 евра
  • Факултативна посета на градот Лимасол и Пафос – 65 евра
  • Факултативна посета на Тродос, Педулас, Платрас и Омодос60 евра
  • Патничко осигурување (задолжително)

 

НАПОМЕНИ:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

Останати Понуди