ДУБАИ
01.05. – 06.05.2024 | 4 ноќи – 6 дена | Лет од Скопје
Еден од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Иако Абу Даби е главниот град на ОАЕ, денес главната туристичка атракција поставена на Персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој всушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати, задоволувајќи ги апетитите на секој модерен турист. Неверојатниот развој на Дубаи започнува откако Шеикот Мактум одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински развоен туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ДЕН (01.05.2024 – среда) СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:15 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:15 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 22:45 часот, локално време. Полетување за Дубаи во 00:40 часот.
2 ДЕН (02.05.2024 – четврток) ДУБАИ
Слетување на аеродромот во Дубаи на 02.05.2024 во 05:55 часот наутро по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер,следи организиран трансфер до избраниот хотел. Поаѓање со автобус на полудневен панорамски разглед на Дубаи, со лиценциран водич на српски јазик. Прекрасна можност панорамски да го видите традиционалниот и модерниот Дубаи. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата, која ќе ја погледнеме само од надвор, а потоа кон стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади – тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање..
3 ДЕН (03.05.2024 – петок) ДУБАИ – Пустинско сафари
Појадок во хотел. Слободно претпладне за индивидуални активности. Попладне, факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување во пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ДЕН (04.05.2024 – сабота) ДУБАИ – Абу Даби
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби со лиценциран водич на српски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.
5 ДЕН ( 05.05.2024 – недела) ДУБАИ -Miracle Garden и Global Village
Појадок во хотел. Факултативна посета на Miracle garden и Global Village. Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модeрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот.Факултативна посета на Museum of The Future. Дубаи го отвори Музејот на иднината (МОТФ), што властите го опишаа како најсовремена и најубава зграда на светот. Проектиран од локалното студио „Кила дизајн“, музејот има облик на издолжен прстен со празнина во средината и е сместен покрај издигната пруга. Ова е архитектонско и инженерско чудо кое самоуверено ги испреплетува минатото и иднината и ја применува напредната технологија во традиционалните уметнички форми. Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотело. Ноќевање.
6 ДЕН (06.05.2024– понеделник) ДУБАИ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Oдјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од нај богатите земји на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Дубаи за Истанбул во 13:40 часот. Слетување во Истанбул во 17.25 часот и полетување за Скопје во 19.00 часот. Слетување во Скопје во 19.25 часот, локално време.
GOLDEN TULIP MEDIA HOTEL 4*
Хотелот Golden Tulip Media нуди луксузни апартмани со удобности на хотел од врвна класа, погодно лоциран во срцето на деловниот кварт Tecom, Al Barsha Heights на само 6 километри од центарот на Дубаи. Хотелот нуди лесен пристап до сите атракции на овој живописен град, во близина на Dubai Media Centre, Dubai Marina, Internet Centre и Knowledge Village. Сето ова го прави хотелот идеален и за долгорочни и за краткорочни посети, за деловни посети или за одмор со семејството. Хотелот располага со базен, сауна, и фитнес центар кој располага со кардиоваскуларна опрема, спа со услуга за масажа и парна соба, сали за состаноци, деловен центар и 24- часовна услуга во соба.
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Повратни авионски билети Скопје – Дубаи – Скопје со авиокомпанија Turkish Airlines.
- Аеродромски такси.
- Oрганизирани трансфери во Дубаи на релација аеродром – хотел – аеродром.
- Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевања со појадок.
- Организиран панорамски разглед на Дубаи со водич.
- Вклучен багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 7 кг и 1 парче чекиран багаж до макс. 20 кг;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 95 €.
- Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување .
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 15AED (4*).
- Факултативни излети (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
- Влез на највисоката зграда во светот Burj Khalifa на 124-ти спрат 60 еур
- Целодневен излет во Абу Даби 90 еур
- Пустинско сафари ,вклучена вечера во импровизирано бедуиско селo 70 еур
- Крстарење Дубаи Марина со вклучена вечера 80 еур
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица;
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;
- Целосна уплата, најдоцна петнаесет (20) дена пред започнување на аранжманот;
- Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот, како и цените на факултативните излети;
- Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс;
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патување