ВЕЛИГДЕН ВО ПОРТО и ЛИСАБОН

ПОРТО и ЛИСАБОН

Порто, крајбрежен град, познат по своите прекрасни мостови и производство на вино, во средновековниот кварт Рибеира, тесните улички со калдрма минуваат покрај куќите на трговците и кафулињата. Црквата Сао Франциско е позната по раскошниот барокен ентериер со украсени позлатени резби. Палатата Паласио де Болса од 19 век, порано берза, е изградена за да ги импресионира потенцијалните европски инвеститори.
Лисабон е ридски, крајбрежен главен град на Португалија. Од импозантниот замок Сао Хорхе, погледот ги опфаќа градбите со пастелни бои на стариот град, утоката Тагус и висечкиот мост Понте 25 де Абрил. Непосредно надвор од градот, низа плажи на Атлантикот, од Кашкаиш до Есторил…


27 Април            СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Состанок на аеродромот во Скопје во 06:30часот. Полетување за Истанбул во 08:40 часот, слетување во 11:15 часот (локално време). Летот за Порто е во 12.55 часот, слетување во Порто во 15.50 часот (локално време). Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Вечерна прошетка низ Порто, запознавење со градот познат по своите прекрасни мостови и производство на вино. Ноќевање.

 28 Април            ПОРТО
Појадок. Разглед на вториот по големина град во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готски стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос,  Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)… Слободно попладне. Во вечерните часови можност за факултативна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.

 29 Април            ПОРТО – ФАТИМА – КОИМБРА – ЛИСАБОН
Појадок. Одјвување од хотел  и заминување за Лисабон со организиран трансфер. Попатна посета на Фатима и Коимбра. Фатима денес е важен центар на аџилак на католичките верници, името го добива по муслиманската принцеза Фатима која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана. Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја, се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости, од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290 година. Пристигнување во Лисабон. Сместување во хотел. Можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

 30 Април            ЛИСАБОН
Појадок. Разглед на Лисабон, пристаниште и главен град на Португалија, сместен во западна Португалија на устието на реката Техо, тој е најзападниот главен град во континентална Европа и служи како главно пристаниште во земјата, трговски, политички и туристички центар. Својата историска важност Лисабон ја должи на природното пристаниште, едно од најубавите во светот. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, симболот на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,  Плоштадот Комерцио, кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.  Слободо попладне.  Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на лавиринт со тесни калдрмести улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за  прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот, изграден за потребите на ЕXPO ’98, последната најголема светска изложба во 20ти век, а денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Ноќевање.

 01 Мај  ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ
Појадок. Организиран, целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Посета на Синтра, симпатичен град кој со пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Посета на палатата Пена со влезница и трансфер. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Ноќевање

 02 Мај  ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По  појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување за Иснабул во 10:55 часот, слетување во 17.35 часот. Полетуавње за Скопје во 19.00 часот, слетување во 19:25 часот.

 

За уплати до 15.02          61.380 денари  (990 евра)
Цена на аранжманот           67.580 денари        (1090 евра)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Порто / Лисабон – Истанбул – Скопје со авио компанијата Turkish Airlines
  • Чекирано парче багаж (куфер) до 20кг и рачен багаж до 8кг
  • Трансфери на релација аеродром – хотел Порто и хотел – аеродром  Лисабон
  • Трансфер на релација  Порто – Лисабон со посета на Фатима и Коимбра
  • 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел HF Ipanema Park 5* во Порто
  • 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел HF Fénix Garden 3* во Лисабон
  • Организиран разглед на Порто и Лисабон со водич
  • Лиценциран придружник и организација на патувањето

 

 

Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса – 1.550 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена – 95 еур
  • Факултативна вечера со традиционална фадо музика
  • Влезници во музеи и културно историски споменици
  • Карти за локален превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 21.700 денари
  • Патничко- здраствено осигурување

 

 

 Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди